Паско Кузман осомничен за злоупотреба на службената положба

Паско Кузман, поранешен директор на Управата за заштита на културното наследство.

Директорот на управата за заштита на културното наследство Паско Кузман заедно со тројца колеги се приведени по барање нa Јавното обвинителство како дел од проширувањето на истрагата „Фаланга 2“.
Директорот на управата за заштита на културното наследство Паско Кузман заедно со тројца колеги се приведени по барање нa Јавното обвинителство како дел од проширувањето на истрагата „Фаланга 2“, соопшти помошник министерот за внатрешни работи Иво Котевски. Станува збор за акцијата во која пред два месеци беа уапсени дваесетина луѓе.
Првопријавениот, вработен како директор на Управата за заштита на културното наследство во текот на 2011 година, поттикнат со умисла од второпријавениот, инаку раководител на одделението за превенција на културното наследство во истата Управа, противправно потпишал и издал согласност за изведување земјени работи со цел проверка на наводи за постоење културно историско наследство на две локации и тоа - патниот правец Велешко Езеро - Катланово и Драмски Рид кај Делчево.
Иво Котевски, портпарол на МВР.

Кузман е осомничен за злоупотреба на службената должност. Кривичниот суд во Скопје му одреди 30-дневен куќен притвор. Котевски изјави дека приведените со издавање на незаконска документација и барање на полициска асистенција со издавање на платни налози го оштетиле буџетот. Само по основ на дадена полициска асистенција, Министерството за внатрешни работи е оштетено за 20 илјади евра, додека за останатите сомневања висината на штетата сè уште не утврдена.

Илустрација: Артефакти од Вучедол.


„Првопријавениот, вработен како директор на Управата за заштита на културното наследство во текот на 2011 година, поттикнат со умисла од второпријавениот, инаку раководител на одделението за превенција на културното наследство во истата Управа, противправно потпишал и издал согласност за изведување земјени работи со цел проверка на наводи за постоење културно историско наследство на две локации и тоа - патниот правец Велешко Езеро - Катланово и Драмски Рид кај Делчево“, рече Котевски.
Сè што е побарано од МВР досега е постапено по тие барања и доколку во натамошната истрага се обезбедат нови, дополнителни докази не ја исклучуваме можноста пријавата да биде проширена односно да има нови посебни извештаи или, пак, делата за кои се товарат некои од осомничените да бидат надополнети со други нови пријави за кривични дела.
Иво Котевски, портпарол на МВР.

Инаку едно од лицето кое е носител на дозволите за ископ е лице кое е осудено во првиот судски процес „Фаланга“. Еден од приведените е инспектор во управата и вршел археолошки надзор на двете локации, но за неговата работа при увидот на полицијата не бил пронајден ниту еден записник за извршен археолошки надзор на тие локации. Управата за заштита на културното наследство побарала од МВР полициска асистенција поради сознание дека е можно на тие локалитети да пронајдат големо количество на оружје, како и заради интересот на таканаречените трагачи на богатства.

Еден од осомничените веќе се наоѓа во притвор како дел од истрагата „Фаланга 2“ под сомневање за нелегално ископување на предмети со културна и археолошка вредност и нивно продавање. На новинарско прашање дали има сознанија за инволвираност на Кузман во ископување и препродавање на културно наследство, Котевски изјави дека полицијата постапила по барањето на судот и јавното обвинителство, односно дека против Кузман не е поднесена кривична пријава за шверцување на артефакти и нивно нелегално ископување.

„Сè што е побарано од МВР досега е постапено по тие барања и доколку во натамошната истрага се обезбедат нови, дополнителни докази не ја исклучуваме можноста пријавата да биде проширена односно да има нови посебни извештаи или, пак, делата за кои се товарат некои од осомничените да бидат надополнети со други нови пријави за кривични дела“, рече Котевски.

Претходно за истиот случај беа обвинети 19 лица меѓу кои и вработени во Управата за заштита на културното наследство, Музејот на Македонија и Музејот во Демир Капија како и полициски службеник од Велес. Тие се обвинети за нелегални ископувања и незаконско продавање на македонски артефакти, како и продажба на икони за кои постојат сомненија дека потекнуваат од црковни објекти, а се со непроценлива вредност за културното наследство на Македонија.

Првата полициска акција „Фаланга“ беше изведена во 2010 година кога беа уапсени 29 луѓе меѓу кои ископувачи, полицајци и директори на музеи , а беа пронајдени и повеќе од 3000 монети, фигури и икони. Судскиот процес траеше една година.