„Б-Линии“ - поглед кон берлинската современа ликовна сцена

Петнаесет афирмирани уметници, поголемиот дел Германци и нивни познати колеги од различни држави кои живеат и творат во Берлин, ќе бидат претставени на изложбата насловена како „Б – линии“, вечерва во 21 часот, во рамките на Скопско лето.
Жења Шеф од Русија кој има грандиозна изложба на Венециското биенале, еден од најпознатите хрватски автори Ловро Артуковиќ, Американската Лора Брус – добитник на специјална награда за цртеж, Арчи Галенц од Ерменија кој неколкупати самостојно се претставувал на берлинската сцена, Германците Малте Брантс, Карола Гернер, Свења Шуефлер, Мартин Јуеф...се само некои од 15-те интернационално афирмирани уметници што со свои дела ќе бидат застапени на ликовната изложба „Б-линии“, зад која како иницијатор и куратор стои нашиот Јован Балов.
Во Македонија постојат некои уште застарени гледања за тоа што е денеска популарно, што е денеска модерно. И затоа мојата задача некако беше да се обидам да им донесам на колегите во Скопје материјал што би требало таа нивна визија барем малку да ја промени.
Јован Балов, куратор.

Македонскиот уметник кој подолго време живее и работи во Берлин, во пресрет на отворањето на постановката која содржи 30-тина дела – цртежи во современи техники, вели дека на идејата работел во последниве три години и дека притоа за него било важно главно да ги одвои творците кои не само што се негови и пријатели на „Прима центар“, туку и дека секој на свој начин преку творештвото ја креираат тамошната актуелна ликовна сцена. Тој дополнува дека особено е важно што поголемиот дел од нив си го задржале принципиелниот уметнички израз – т.н реалистично, фигуративно творење, а другите, пак, се надоврзале кон таа нова фигуризација и така практично започнале реалистичкото сликарство да го користат за современи концепти.

Јован Балов.


„Се работи за автори кои принципиелно со својата естетика создаваат една нова ликовна атмосфера во Берлин. Она што е битно е и тоа што сите дела се специјално продуцирани за оваа изложба. Инаку, овде во
На ова заедничка постановка сум застапена со два цртежа и она што е значајно за неа е што сите ние се сретнавме во Берлин и што од таму тргнуваме на пат до срцата на сите оние кои не признаваат никакви граници или ѕидови.
Кристина Артола, уметник.
Македонија постојат некои уште застарени гледања за тоа што е денеска популарно, што е денеска модерно. И затоа мојата задача некако беше да се обидам да им донесам на колегите во Скопје материјал што би требало таа нивна визија барем малку да ја промени.“

Кураторот дополнува дека во Берлин има уште двајца млади македонски автори – Ана Матовска и Димитар Христов, и вели дека нему му било предизвик и нив да ги испровоцира и самите да се лоцираат во оваа група на берлински великани.

„Тие сериозно си ја сфатија работата и продуцираа специјално дела за оваа постановка и морам да кажам дека нивните творби извонредно добро ќе стојат на изложбата. “

Цртеж на уметникот Свења Шуефлер.

Од друга страна Ерменецот Арчи Галенц, на своето ново претставување кај нас, ќе понуди две дела насловени како „Кавкаска рапсодија“ и „Балканска рапсодија“, сакајќи на тој начин не само да повлече паралели помеѓу својата татковина и Македонија, туку на метафоричен начин, преку фигурата, односно географијата да биде провокативен.

Баскијката, пак, Кристина Артола, вели дека на ликовната публика ќе и претстави ангажирани дела и ја нагласува мулти-културната важност на овој проект.

„Јас работам со молив на хартија, сликам човечки суштества и се обидувам да претставам еден вид социјален критицизам, да допрам теми како што се сиромаштијата, милитаризмот и слично. На ова заедничка постановка сум застапена со два цртежа и она што е значајно за неа е што сите ние се сретнавме во Берлин и што од таму тргнуваме на пат до срцата на сите оние кои не признаваат никакви граници или ѕидови. Впрочем оваа изложба е едно собирање, претставување на поврзаноста на сите луѓе од целиот свет и мислам дека е добра идеја да се вратат работите на местата од каде што потекнуваме или од каде што потекнува секој еден од нас. Ете затоа сум тука во Скопје. “

Од ова произлегува дека патувачката „Б- линии“ по промоцијата на Скопско лето, наредната година ќе ја види и ликовната публика во Музеј на современи уметност во Загреб, потем таа ќе оди и во Ереван, како и во еден од врвните музеи во Берлин, за да во 2015 биде вклучена и во неофицијалната програма на Биеналето во Сао Паоло, во Бразил.