САД и ЕУ - најголема светска трговска зона

ЕУ и САД денеска ги започнуваат разговорите за создавање на најголемата светска трговска зона. Тие ќе се одвиваат под притисок на настаните околу американскиот надзор на телекомуникациите, при што цел беа и некои европски земји.
Разговорите се очекува да започнат денеска во Вашингтон, и се случуваат паралелно со настаните по откривањето на податоците за следење на интернет и телефонските комуникации во дипломатски претставништва на ЕУ – случај што го обзнани бившиот соработник на разузнавачките служби на САД, Едвард Сноуден.
Токму затоа се очекува дека во Вашингтон ќе биде ставена на маса и оваа загриженост од страна на ЕУ. Трговијата меѓу САД и ЕУ инаку, изнесуваше 500 милијарди евра во 2012 година.
Трговијата меѓу САД и ЕУ инаку, изнесуваше 500 милијарди евра во 2012 година.

Преговорите имаат за цел да се отстранат бариерите за трговија и инвестиции меѓу двете економски сили и за најголемата светска трговска зона од 800 милиони жители да биде постигнат договор до крајот на 2014 година.
Како пречки што треба да се надминат се нагласуваат рестрикциите врз заштитените индустрии, како одбраната на пример и забраната на ЕУ за користење генетски модифицирана храна.

Раул Кастро


Што се однесува до Сноуден, тој најверојатно се наоѓа се уште во транзитниот простор на меѓународниот аеродром Шереметјево во Москва. Азил му понудија неколку латиноамерикански држави. Кубанскиот претседател Раул Кастро вчера рече дека го поддржува понудениот азил од страна на Венецуела, Боливија и најверојатно Никарагва, но не рече и дали Куба ќе го направи истото.

Живееме во свет во кој моќните мислат дека можат да го кршат меѓународното право и да нарушуваат националниот суверенитет на други држави, и да ги газат правата на граѓаните.
Раул Кастро, претседател на Куба.
„Живееме во свет во кој моќните мислат дека можат да го кршат меѓународното право, да го нарушуваат националниот суверенитет на други држави и да ги газат правата на граѓаните.
Поради оваа филозофија на доминација, сите земји на југ, се и ќе продолжиме да сме во опасност, засега."

Аерофлот инаку има директна линија од Москва до Хавана и се шпекулираше дека Сноуден би можел да ја искористи оваа можност со цел преку Куба да допатува до некоја друга латино – американска земја.

Американските власти го обвинија Сноуден за шпионажа и кражба на владин имот односно тајните материјали кои ги достави до медиумите.