Со воен удар заврши претседателствувањето на Мохамед Морси. Објавувањето на крајот на Морси наиде на овации од страна на илјадници демонстранти на плоштадот Тахрир во Киаро, како и од воените трупи распоредени низ целиот град. Веднаш по веста за соборувањето на египетскиот претседател доаѓаат реакции од целиот свет.
Египетската армија го суспендираше Уставот на земјата и ги објави чекорите што треба да доведат до нови претседателски избори. Со тоа завршува претседателствувањето на Мохамед Морси, по неколкудневните протести на коишто милиони Египќани ѝ се спротивставија на исламистичката влада на земјата.
Шефот на египетската армија, генерал Абдел Фатах ал-Сиси, изјави дека до изборот на нов претседател, главниот судија на Уставниот суд, Адли Мансур, ќе има овластување да издаде претседателски декрет и оти со земјата ќе управува техничка влада. Мансур денеска треба да положи свечена заклетва. Сè уште не се соопштува кога би можеле да се одржат изборите.
Говорејќи на националната телевизија, Сиси рече Морси „не успеал да ги исполни барањата на египетскиот народ".
„Ние се надевавме дека ќе се постигне национален дијалог кој ќе стави крај на насилството и ќе обезбеди стабилност за египетскиот народ, но изјавата на претседателот минатата ноќ која беше емитувана пред крајниот рок од 48-часа не одговараше на барањата на луѓето.“
На својата официјална Фејсбук страна, Морси напиша дека најавените мерки претставуваат „комплетен воен удар“ и оти се „целосно отфрлени“. Тој ги повика неговите поддржувачи да не реагираат на „воениот удар“. Не се знае каде се наоѓа Морси во моментов. Негов помошник за новинската агенција Асошиејтед прес изјавил дека тој е преместен на непозната локација.
Претходно во текот на денот ал-Сиси се сретна со главниот либерален опозициски лидер Мохамед Ел Барадеј, Великиот Шеик на Институтот Ал-Азхар во Каиро, кој е водечки авторитет во муслиманскиот свет и со Папата Тавардос II на Коптската христијанска црква.
Опозицискиот лидер Мохамед ел Барадеј изјави дека „патот“ на војската е најдобриот начин за излез од кризата.
„Патот денеска е корекција на патот од револуцијата на 25 јануари и одговор на барањата на голем дел од египетскиот народ. Патоказот гарантира остварувањето на главното барање за предвремени претседателски избори низ период на транзиција во кој ќе биде изменет Уставот кој ќе треба да ги заштити нашите демократски права.“
Објавувањето од страна на Сиси наиде на овации од страна на илјадници демонстранти на плоштадот Тахрир во Киаро, како и од воените трупи распоредени низ целиот град.
Веднаш по веста за соборувањето на египетскиот претседател Мохамед Морси доаѓаат реакции од целиот свет.
Во Вашингтон, американскиот претседател Барак Обама изјави дека е „длабоко загрижен“ од потегот на војската, и додаде дека Вашингтон сака Египет набрзо да добие влада преку демократски избори.
Американскиот сенатор Патрик Лихи го нарече Морси „големо разочарување“ за неговиот народ и рече дека египетскиот лидер пропуштил историска шанса. Тој изрази задоволство што војската вети дека нема да владее со земјата на долг рок.
Саудискиот крал Абдула му честиташе на главниот судија на Уставниот суд, Адли Мансур, кој е прогласен за привремен лидер на Египет. Катар и Обединетите Арапски Емирати изразија задоволство од веста за соборувањето на Морси. Сирискиот претседател Башар ал-Асад оцени дека пресвртот во Египет е пораз за политичкиот ислам.
Ние се надевавме дека ќе се постигне национален дијалог кој ќе стави крај на насилството и ќе обезбеди стабилност за египетскиот народ, но изјавата на претседателот минатата ноќ која беше емитувана пред крајниот рок од 48-часа не одговараше на барањата на луѓето.Генерал Абдел Фатах ал-Сиси, шеф на египетската армија.
Шефот на египетската армија, генерал Абдел Фатах ал-Сиси, изјави дека до изборот на нов претседател, главниот судија на Уставниот суд, Адли Мансур, ќе има овластување да издаде претседателски декрет и оти со земјата ќе управува техничка влада. Мансур денеска треба да положи свечена заклетва. Сè уште не се соопштува кога би можеле да се одржат изборите.
Говорејќи на националната телевизија, Сиси рече Морси „не успеал да ги исполни барањата на египетскиот народ".
„Ние се надевавме дека ќе се постигне национален дијалог кој ќе стави крај на насилството и ќе обезбеди стабилност за египетскиот народ, но изјавата на претседателот минатата ноќ која беше емитувана пред крајниот рок од 48-часа не одговараше на барањата на луѓето.“
Патот денеска е корекција на патот од револуцијата на 25 јануари и одговор на барањата на голем дел од египетскиот народ. Патоказот гарантира остварувањето на главното барање за предвремени претседателски избори низ период на транзиција во кој ќе биде изменет Уставот кој ќе треба да ги заштити нашите демократски права.Мохамед ел Барадеј, опозициски лидер.