„Вечер на сефардски песни“ е насловен концертот што ансамблот КЕЛТИКУМ ќе го одржи в четврток, на 4 јули, од 21 часот, во Меморијалниот центар на Евреите во Македонија. Станува збор за некомерцијален уметнички проект што ја истражува сефардската музичка традиција и дава свое видување на оваа неизмерно богата звуковна ризница.
Формиран 1997 година, ансамблот КЕЛТИКУМ, безмалку деценија и половина, настапувајќи главно на културните манифестации во земјава, се бави со истражување и негување на европската музичка традиција почнувајќи од Ирска, преку Франција, Португалија, Шпанија и се до Македонија. Секој нивни проект во дадениот период се однесува на определена група на народи и притоа во фокусот на интересирањето на македонските уметници е каква музика тие своевремено креирале, како таа низ времето била реализирана и согласно на тоа самите се обидувале да дадат свое видување како тие во денешно време неа ја доживуваат.
Од таму, сосема разбирливо е што во случајов од Елена Ангеловска - вокал, Пламенка Трајковска - виолина, Немања Клинчаров - гитара и Елена Чадиковска – ударни инструменти, или од КЕЛТИКУМ, овој четврток, треба да очекуваме несекојдневно звуковно патешествие кое тие го насловија како „Вечер на сефардски песни“. На концертот е планирано да бидат изведени бисерите од неизмерно богатата музичка ризница на Сефардите и неколку песни од фолклорната традиција на Евреите од Македонија.
„Евреите кои што се протерани од Македонија за време на холокаустот всушност претставувале Сефарди. Тоа се Евреи кои што дошле во Македонија во 15 век кога шпанскиот крал издал наредба дека сите Евреи на територијата на Шпанија треба или да се покрстат или да се иселат од државата. Тогаш тие Сефарди имале насока на движење и низ Балканите, меѓутоа исто така нив ги наоѓаме и на сите овие делови околу Средоземното Море“, истакнува Трајковска.
Таа дополнува дека во рамките на проектот особено внимание посветиле на севкупноста на сефардската музичка традиција и истакнува дека биле пријатно изненадени од нејзината комуникативност со звуковните посебности на народите од териториите каде што опстојувала.
„Сефардите биле најдобро прифатени од тогашниот султан, значи од Турција, така што бидејќи и гравитирале на овие простори каде што била отоманската империја, тие во својата музика практично инфилтрирале голем број на ориентални елементи. Од таму на нашиот концерт публиката можеби во еден момент ќе помисли дека интерпретираме некоја чалгиска музика или можеби музика која што доаѓа од Истокот.“
Од КЕЛТИКУМ велат дека концертот е првиот исчекор што го прават во однос на својот проект со сефардската музика и дека пожелуваат нивното истражување по архивите од Медитеранот и на Балканот да биде заокружено со носач на звук кој би бил пласиран на светскиот дискографски пазар за овој тип на изданија, а по настапот во Скопје во рамките на одбележувањето на 70-годишнината од холокаустот на Евреите од Македонија, за 9 јули закажана е и репризата на перформансот во Битола на актуелниот БИТФЕСТ.
Не се исклучени и другите поголеми културни манифестации во земјава кои што ќе покажат интерес за еден ваков некомерцијален-истражувачки проект, а дури потем членовите на ансамблот планираат својата звучна авантура да ја продолжат на сцените од регионов и секаде онаму каде што Сефардите своевремено свивале свое гнездо.
„Истражувањата за тоа каде сè може да се пласира овој концерт допрва ни престојат. Оној момент кога ќе имаме видео снимка, кога ќе имаме тонски материјал, тогаш можеби ќе биде и поинтересно да видиме кои сè средини се заинтересирани за овој наш концерт насловен како Вечер на сефардски песни“, вели Трајковска.
Инаку, не смееме да заборавиме и тоа дека пред КЕЛТИКУМ, сефардската музичка традиција беше во центарот на вниманието на составот БАКЛАВА, кој во 2011 година го сними и за продукцијата „Скопје џез фестивал“ го објави одличниот албум - „Многу ми недостигаш“ („Me mankas mucho“). Со материјалот од него тие настапија на неколку светски фестивали, а дел од магијата на сефардската музичка традиција е забележан и на саундтракот за последниот филм на Дарко Митревски - „Трето полувреме“.
Евреите кои што се протерани од Македонија за време на холокаустот всушност претставувале Сефарди. Тоа се Евреи кои што дошле во Македонија во 15 век кога шпанскиот крал издал наредба дека сите Евреи на територијата на Шпанија треба или да се покрстат или да се иселат од државата. Тогаш тие Сефарди имале насока на движење и низ Балканите, меѓутоа исто така нив ги наоѓаме и на сите овие делови околу Средоземното Море.Пламенка Трајковска, виолинистка.
Од таму, сосема разбирливо е што во случајов од Елена Ангеловска - вокал, Пламенка Трајковска - виолина, Немања Клинчаров - гитара и Елена Чадиковска – ударни инструменти, или од КЕЛТИКУМ, овој четврток, треба да очекуваме несекојдневно звуковно патешествие кое тие го насловија како „Вечер на сефардски песни“. На концертот е планирано да бидат изведени бисерите од неизмерно богатата музичка ризница на Сефардите и неколку песни од фолклорната традиција на Евреите од Македонија.
„Евреите кои што се протерани од Македонија за време на холокаустот всушност претставувале Сефарди. Тоа се Евреи кои што дошле во Македонија во 15 век кога шпанскиот крал издал наредба дека сите Евреи на територијата на Шпанија треба или да се покрстат или да се иселат од државата. Тогаш тие Сефарди имале насока на движење и низ Балканите, меѓутоа исто така нив ги наоѓаме и на сите овие делови околу Средоземното Море“, истакнува Трајковска.
Сефардите биле најдобро прифатени од тогашниот султан, значи од Турција, така што бидејќи и гравитирале на овие простори каде што била отоманската империја, тие во својата музика практично инфилтрирале голем број на ориентални елементи. Од таму на нашиот концерт публиката можеби во еден момент ќе помисли дека интерпретираме некоја чалгиска музика или можеби музика која што доаѓа од Истокот.Пламенка Трајковска, виолинистка.