Ја знаеме ситуација на Македонија и ќе се обидеме да преземеме чекори во разјаснувањето на ситуацијата со оваа земја наесен, во периодот меѓу октомври и декември, изјави литванскиот амбасадор во Европската унија Раимундас Кароблис. Литванија денеска официјално го превзеде претседателството со Европската унија од Ирска. Во однос на прашањето за проширување на Унијата, Кароблис посочи дека за време на Литванското претседателство, кое е прво откако оваа земја пред девет години стана членка на ЕУ, ќе се отвори уште едно поглавје од преговорите со Турција, а очекува и напредок во преговорите со Црна Гора.
Амбасадорот на Ирска при ЕУ, Рори Монтгомери, кој ја предаде претседателската палка со Унијата на Литванците, посочи дена во однос на проширувањето, денеска е важен ден за Хрватска која официјално стана дел од Унијата, а потсети и дека мината недела на Самитот на Европскиот совет е доделен датум за отворање на преговори за членство со Србија и потпишување на Договор за стабилизација и асоцијација со Косово. „Проширувањете е спор процес, но е неповратен и продолжува“ рече Монтгомери.