Уште една земја на Балканот од денеска стана членка на Европската Унија. Ноќеска по полноќ беа остранети границите меѓу Хрватска и европските соседи а европското знаме и европските знаци беа поставени кон соседите: Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.
„Драги пријатели, добредојдовте во Европската Унија“
Со овие зборови на добредојде синоќа на плоштадот во Загреб на илјадниците граѓани им се обрати претседателот на Европскарта Комисија Жозе Мануел Баросо. Хрватска од денеска е и официјално 28 земја членка на ЕУ.
Хрватска влезе во ЕУ по две децении откако се распадна Југославија и по шест години преговори со Унијата.
Премиерот Зоран Милановиќ ги упати следниве пораки.
„Што и да велат за нас, треба да се знае дека сме ние земја на рационални луѓе, кои се реални за себе и за нивната улога во Европа и светот. Хрватска знае дека не заминува никаде. Ни сме тука на исто место, но со нови одговорности за да му помогнеме и на регионот да ги исполни европксите критериуми што е можно поскоро“.
И Претседателот Иво Јосиповиќ изјави дека Хрватска силно ќе го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Според него, во интерес на Хрватска е сите да живеат во зона на мир и напредок, и тоа ќе биде една од нивните најважни политички цели.
На церемонијата, меѓу другите гости, беше и претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.
ЕУ се соочува со економска криза. Хрватска, исто така, страда од бавен економски развој и со невработеност од околу 20 насто. Хрвастките и европските официјални преставници и синоќа во Загреб со изјави дека нема магично стапче за излез од кризата.
Ноќеска по полноќ беа остранети границите кон европските соседи, а европското знаме и европските знаци беа поставени кон соседите на Хрватска: Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.
Со овие зборови на добредојде синоќа на плоштадот во Загреб на илјадниците граѓани им се обрати претседателот на Европскарта Комисија Жозе Мануел Баросо. Хрватска од денеска е и официјално 28 земја членка на ЕУ.
Хрватска влезе во ЕУ по две децении откако се распадна Југославија и по шест години преговори со Унијата.
Премиерот Зоран Милановиќ ги упати следниве пораки.
„Што и да велат за нас, треба да се знае дека сме ние земја на рационални луѓе, кои се реални за себе и за нивната улога во Европа и светот. Хрватска знае дека не заминува никаде. Ни сме тука на исто место, но со нови одговорности за да му помогнеме и на регионот да ги исполни европксите критериуми што е можно поскоро“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Што и да велат за нас, треба да се знае дека сме ние земја на рационални луѓе, кои се реални за себе и за нивната улога во Европа и светот.Зоран Милановиќ, премиер на Хрватска.