Ромпуј: ЕУ го одобри барањето за датум на Србија

Belgium -- European Union Council President Herman Van Rompuy (R) meets with Azeri President Ilham Aliyev in Brussels, 21Jun2013

Претседателот на европскиот совет Херман вон Ромпуј на својот твитер профил напиша дека Европската унија го одобрила барањето на Србија за почеток на преговорите со Европската унија. Се очекува датумот за почеток не преговори да биде закажан во јануари идната година. Денеска во Брисел се очекува и расчистување на патот за Косово да ги започне преговорите за Стабилизација и Асоцијација. Инаку одлуката за Србија се совпаѓа со одбележувањето на празникот Видовден и се годишнината од битката на косовско поле, кога во 14-тиот век Отоманците ги победија Србите.