Интервју со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Чувствувам одговорност и затоа отворено зборувам и во Брисел и во Скопје за тоа дека не се исполнети некои од декемвриските заклучоци на Европската комисија, поради што и Македонија повторно не доби датум за почеток на преговорите. Тоа пред сè е проблемот со името, добрососедските односи, политичкиот дијалог и уште некои реформи. Ова во интервју за Радио Слободна Европа го истакнува вицепремиерот за евро-интеграции Фатмир Бесими, кој смета дека прашањето со името не е ексклузивно право на ниедна политичка партија, туку проблем кој бара консензуален пристап. Последниот предлог на посредникот Метју Нимиц е добра основа за продолжување на преговорите и со една временска рамка и подигање на политичкото ниво во преговорите, може да се напредува, смета Бесими.