Спорот за името - најкоментирана тема

Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на прес-конференција во Скопје на 11 јануари 2013 година.

Текстовите за спорот за името и за македонските евроинтеграции се најкоментирани на нашата интернет страна.
Преговорите за името на државава, се знае, секогаш се топ тема за коментирање меѓу посетителите на нашата веб-страница. Нашиот текст: „Македонија и Грција договорени за името - да молчат!“, допира токму едно од најчувствителните прашања околу проблемот со името - нетранспарентноста на актуелната власт, поточно, дали постојат некакви премолчени договори за одржување статус-кво ситуација.
Со Грујо ниту ќе има некаков референдум, ниту решение за името, ниту членство во ЕУ или НАТО. Со членство во ЕУ ќе мора да се даде дел од суверенитетот, па ќе мора да има и КОЧНИЦИ и ПЕНАЛИ и ОТЧЕТ во Брисел за прекумерно и непродуктивно трошење на народните пари
Коментар од читател.

Незабеган од Скопје напишал дека дури и на полуидиот, како што вели, му е јасно дека „со Грујо ниту ќе има некаков референдум, ниту решение за името, ниту членство во ЕУ или НАТО. Со членство во ЕУ ќе мора да се даде дел од суверенитетот, па ќе мора да има и КОЧНИЦИ и ПЕНАЛИ и ОТЧЕТ во Брисел за прекумерно и непродуктивно трошење на народните пари“ - напишал со крупни букви Незабеганиот.

Архивска фотографија: Mакедонскиот преговарач во спорот за името меѓу Македонија и Грција Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.


Мижи народе, сендвичи паѓаат, и уживај. Сè што гледаш не е вистинито, стави очила и вистинито е.
Коментар од читател.
Нему му одговара МКД кој вели: „Од твоја уста во божји уши, брат, да не влеземе ни во ЕУ ни во НАТО, и дај Боже да не си бришеме идентитет. Сиромашните земји им служат на богатите, а најголем просперитет имаат земјите што БАШ не се во Унијата: Турција, Швајцарија, Исланд“. Д-р Колјо со прашања му реплицира на Павле Трајанов кој во изјавата за нашата новинарка бара и другите партии да преземат одговорност при евентуално решение за името: „Како, бе, да преземат другите партии? Другите партии преземаат ли дел од 2,5 милијарди евра буџет, од целата моќ и контрола што ја има владејачката партија?“

Општина Центар сардисана од инспекции“ е вториот наш текст кој говори за случувањата и притисоците во оваа скопска општина кои продолжуваат да ги засегаат граѓаните. Жарко од Барбарово пишува: „Мижи народе, сендвичи паѓаат, и уживај. Сè што гледаш не е вистинито, стави очила и вистинито е“. А Мене од Тука коментира: „Видоа дека не може си рушење ограда, сега ќе пробаат на друг начин“. На Павле од Куманово очигледно му пречи што Катерина Арсовска е поранешен новинар, сега во Кабинетот на Жерновски, па иронично прашува: „Од кај ми е познато тоа име? Да не се буткаше по митинзите?“

Инаку, во нашата мини анкета со прашањето „Дали гушкањето ќе го спаси ГТЦ од барок?“, дури 65,4 отсто одговориле со негативен одговор. А во нашиот Хајд Парк загрижените граѓани за изгледот на Скопје продолжуваат да ги испраќаат своите коментари. Од сите 20 колку што ги има, само еден е позитивен за преголемиот број споменици и градби во центарот на Скопје. Сите други главно се сведуваат на исто: „Премногу е, пренатрупано е, без вкус и плагијат“.

Дали на Плоштадот Македонија во Скопје има место за нови градби? Власта најави дека на скопскиот плоштад, на местото каде што претходно беше најавена изградба на црква, сега ќе се гради деловен објект со шпански скали. Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Хајд Парк - Дали на плоштадот има место за нови градби?