Министерот Никола Попоски изјави дека Македонија сака да се интензивираат разговорите за спорот, но дека немало подготвеност од грачката страна. Грчкиот претседател Карлос Папуљас порача дека Македонија треба да ја напушти позицијата на непопустливост и бескомпромисност за да може да се најде конечно решение.
Меѓусебни обвинувања зошто не може да се најде решение за спорот со името меѓу Грција и Македонија разменија влaстите на двете земји без конкретна идеја или најава за средба за придвижување на процесот.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски изјави дека Македонија сака да се интензивираат разговорите за спорот, но дека немало подготвеност од грачката страна. Грчкиот претседател Карлос Папуљас за српска Политика порача дека Македонија треба да ја напушти позицијата на непопустливост и бескомпромисност за да може да се најде конечно решение за името.
Поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО Нано Ружин, вели дека досегашната политика на владата се уште води кон тоа во јавноста да има отпор кон постигнувањето компромис. Според него неопходно е владејчката гарнитура да ја преземе одговорноста и да го реши проблемот.
„Да се најде формула која прво најбезболно би се прифатила во јавноста и секако да се сочуваат основните параметри по кои се дефинира идентитетот на народот. Мислам дека компромисната формула со географска одредница би била прфатлива за сите стандарди коишто значат одржување на идентитетот на македонскиот народ.“
Поранешниот дипломат Ристо Никовски вели дека треба да продолжат напорите за што поголем број на држави ја поддржат нашата позиција во спорот со името.
„Истовремено да се убедат сите фактори во Вашингтон и Брисел додека трае кризата во Грција, која ќе трае најмалку од 3 до 5 години било какво решение кое би било прифатливо и за Македонија не доаѓа во прашање.“
Според него, се додека течат разговорите и додека нема нешто конкретно што е прифатливо вклучувањето на јавноста може да биде само штетно.
„Во секој случај јавноста не треба многу да го пика носот во тоа, а дали одредените политичмки фактори во земјата треба да бидат информирани, вклучувајќи ја и опозицијата мислам дека тоа треба да биде случај.“
Ружин додава дека тоа што владата молчи за преговорите значи дека не е расположена за изнаоѓање на решение. Никој според него не сака да го смени името, но мора да се најде излез од ситуацијата.
„Актуеланата власт ќе настојува и натаму да игра врз мудроста во наводници повторно да ги прелаже сите само да победи на избори и така што ќе се соочиме со значајни проблеми со меѓународната заедници и натамошно тапкање во евроатланската интеграција.“
Ружин смета дека неопходно е да се вклучи опозицијата и доколку властите сакаат формула која ќе биде прифатена на референдум, тогаш и народот треба да биде известен за текот на преговорите.
Да се најде формула која прво најбезболно би се прифатила во јавноста и секако да се сочуваат основните параметри по кои се дефинира идентитетот на народот. Мислам дека компромисната формула со географска одредница би била прифатлива за сите стандарди коишто значат одржување на идентитетот на македонскиот народ.Нано Ружин, поранешен амбасадор на Македонија во НАТО.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски изјави дека Македонија сака да се интензивираат разговорите за спорот, но дека немало подготвеност од грачката страна. Грчкиот претседател Карлос Папуљас за српска Политика порача дека Македонија треба да ја напушти позицијата на непопустливост и бескомпромисност за да може да се најде конечно решение за името.
Поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО Нано Ружин, вели дека досегашната политика на владата се уште води кон тоа во јавноста да има отпор кон постигнувањето компромис. Според него неопходно е владејчката гарнитура да ја преземе одговорноста и да го реши проблемот.
Истовремено да се убедат сите фактори во Вашингтон и Брисел додека трае кризата во Грција, која ќе трае најмалку од 3 до 5 години било какво решение кое би било прифатливо и за Македонија не доаѓа во прашање.Ристо Никовски, поранешен дипломат.