Го сакам ГТЦ - не сакам Барок
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Со јавно собирање на потписи во центарот на Скопје започна иницијативата „Го сакам ГТЦ“ чија цел е зачувување на духот и карактерот на објектот. Попладнето е планирано да има обраќања на познати уметници, писатели и публицисти, како и да се формира обрач од прегратки околу трговскиот центар, со цел да се каже не за „ облекувањето“ на ГТЦ во барок. Неодамна и градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски потврди дека е можно да се спаси ГТЦ од барок, но дека тоа ќе зависи од работата на општинскиот совет.
Во меѓувреме и дуќанџиите на трговскиот центар изразуваат револт затоа што не се консултирани од страна на управата при одлуката за промена на ГТЦ и при изборот на идејното решение. Велат дека со барокното идејно решение се губи духот на зградата препознатлива за Скопје. Настанот го организира Асоцијацијата на архитекти на Македонија.