Повеќе од 10 тони риба ќе бидат уништени ако за неколку дена не се најде решение за браната на Слатинското Езеро, предупредуваат охридските риболовци кои управуваат со рибниот фонд во езерото.
Поради непреземањето мерки од страна на надлежните институции уште во месец февруари кога браната почна да попушта, нивото на езерото во период од само еден месец се намали од девет на само еден метар длабочина, вели Радован Димитриевски од СРК Свети Апостол Петар од Охрид. Тој вели дека водата од пукнатините на браната кои не беа санирани досега со несмален интензитет сè уште истекува.
„Ова е знак дека целиот жив свет е загрозен, додека флората и растенијата останаа на суво и тие се уништени. Сега, откако се повлече водата, во пукнатините од браната најдовме голем број на изумрени риби. Тоа значи дека ако не се преземе нешто оваа недела, тогаш рибниот фонд ќе почне да умира поради недостиг на кислород“, рече Димитриевски.
Тој вели дека ако не санираат дупките од браната, за спас на рибниот фонд тие предлагаат капиталните единки на крапови да се префрлат во мрестилиштето за крап во дворот на Хидробиолошки завод, а поситната риба како грунецот, кленот и плашката да се префрлат во Требенишко Езеро. За ова се чека одговор од Хидробиолошкиот институт во Охрид и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Димитриевски вели дека ако оваа постапка не се забрза, на езерото му се заканува еколошка катастрофа.
„Досега не се преземени никакви мерки за санација на браната и прашање е дали воопшто ќе се преземат. Водата за 15 дена целосно ќе истече и без да се преземат мерки. Самата брана треба да се одбележи сто метри лево и десно за поминување на пешаци. Круната на браната е оштетен, утре требаше да биде прв риболовен ден, треба да се одбележи да не дојде до некоја несреќа“, вели Димитриевски.
Градоначалникот на Општина Дебарца, Игор Трајковски, на чија територија се наоѓа браната, вели дека испратил барање до Министерството за земјоделие во кое бара решение за проблемот.
„Пуштено е известување за да што побрзо се санира ситуацијата таму. Бараме да се санира браната. Нормално е дека ќе преземат мерки“, рече Трајковски.
Има и партиски реакции. Од ВМРО-Народна партија велат дека сè што се случува со Слатинското Езеро било резултат на негрижата на надлежните институции и концесионерот.
„Бидејќи состојбата е алармантна, апелираме до сите надлежни институции, во најбрз можен рок да го санираат процепот на браната од каде што истекува водата и да го спасат Слатинското Езеро. Државата е таа која најмногу треба да ги штити природните убавини од еколошки катастрофи. Моментално, таа покажува тотална незаинтересираност и неодговорност за ова“, велат од ВМРО-Народна партија.
Ова е знак дека целиот жив свет е загрозен, додека флората и растенијата останаа на суво и тие се уништени. Сега, откако се повлече водата, во пукнатините од браната најдовме голем број на изумрени риби. Тоа значи дека ако не се преземе нешто оваа недела, тогаш рибниот фонд ќе почне да умира поради недостиг на кислород.Радован Димитриевски, СРК Свети Апостол Петар од Охрид.
„Ова е знак дека целиот жив свет е загрозен, додека флората и растенијата останаа на суво и тие се уништени. Сега, откако се повлече водата, во пукнатините од браната најдовме голем број на изумрени риби. Тоа значи дека ако не се преземе нешто оваа недела, тогаш рибниот фонд ќе почне да умира поради недостиг на кислород“, рече Димитриевски.
Тој вели дека ако не санираат дупките од браната, за спас на рибниот фонд тие предлагаат капиталните единки на крапови да се префрлат во мрестилиштето за крап во дворот на Хидробиолошки завод, а поситната риба како грунецот, кленот и плашката да се префрлат во Требенишко Езеро. За ова се чека одговор од Хидробиолошкиот институт во Охрид и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Димитриевски вели дека ако оваа постапка не се забрза, на езерото му се заканува еколошка катастрофа.
Пуштено е известување за да што побрзо се санира ситуацијата таму. Бараме да се санира браната. Нормално е дека ќе преземат мерки.Игор Трајковски, градоначалник на Општина Дебарца.