ВИДЕО, ФОТО: Тензии во општина Центар поради шпекулации

Скршени прозорци, туркање, навреди, клетви... Стотици демонстранти денеска го окупираа седиштето на Општина Центар, незадоволни од гласините дека со новиот Детален урбанистички план ќе се урива црквата Свети Константин и Елена. Додека внатре се дискутираше за тоа дали промената на ДУП-от да биде на дневен ред, надвор демонстрантите извикуваа „Апаши, лопови“, „Господ ќе ви суди“, „Црква не се урива“. Градоначалникот, пак, тврди дека и според новиот ДУП црквата нема да се урива, и обвини дека зад протестите стои владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Протести за црква, што никој не планира да ја урива


Протести пред Центар, поради дезинформација