Црквата Свети Константин и Елена нема да се урива и доколку се промени деталниот урбанистички план. Тоа не е возможно ниту во теорија, ниту во пракса, велат и од општина Центар и експертите.
Црквата Свети Константин и Елена нема да се урива и доколку се промени Деталниот урбанистички план. Тоа не е возможно ниту во теорија, ниту во пракса, велат и од општина Центар и експертите. Претседателот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ вели дека во предлог одлуката за укинување на ДУП-от, воопшто не подлежат за укинување објекти кои се во градба и за кои е издадена документација.
„Одложување на овој моментален детален урбанистички план за кој имаме предлог одлука да се укине, значи само се однесува за објекти или за маркици каде не започнало градење или градењето е во раните фази. А се што е започнато, се што е изградено, се за што има издадено документација дали од Општината или од Министерството за транспорт и врски, тоа воопшто нема да биде предмет на одлуката за поништување на деталниот урбанистички план. “
Тоа што Општина Центар става на дневен ред неколку урбанистички планови е акт со кој се цели да се врати работата на општината во рамките на Уставот и законот вели архитектот Мирослав Грчев. Тој вели дека досега работата на Советот била инструметализирана од страна на власта и биле носени одлуки кои се противзаконски, но сега обидот на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски и на Советот да ја вратат правдата и правото, не значи дека сето она што се изградило во меѓувреме треба да исчезне или да се сруши.
„За тоа никој нема сила, за тоа не постојат никакви практични предуслови и конечно вадењето на еден акт како што е урбанистичкиот план, односно одлуката за неговото донесување на сила, односно престанувањето да важи нема ретроактивно дејство, значи она што се почнало или што се изградило, тоа има одобрене за градба издадено врз основа на урбанистичкиот план додека тој важел.“
Вчера граѓани протестираа пред местото каде што се гради црквата Свети Константин и Елена, тие упатија апел да не се укинува маркичката на која треба да се гради Црквата.
„Не знам зошто сум овде, ми рекоа да дојдам.“
„Како не знаеш!!! Немаш свое мислење, кога те известија за состанок.“
„Свое мислење?! Ми рекоа да дојдам пред Мајка Тереза.“
„Ти христијанка ли си, што си?“
„Христијанка“, рекоа граѓаните на протестот.
Шиповиќ вели дека протестите се манипулација.
„Тоа е груба манипулација на граѓаните, значи политичката партија која ги организираше протестите грубо манипулираше со граѓаните. “
И Грчев вели дека овие протести се или манипулација или незнаење.
„Сите овие озборувања, овие протести се плод или на политичка манипулација или на недоразбирање, на немање информации за тоа што се случува.“
Денеска повторно протести, овојпат против незадоволството од работата на Жерновски.
Аналитичарот Исмет Рамадани вели дека е невообичаено во локалната власт да се меша високата политика, но според него тоа е реланоста за Центар, каде се вкрстуваат жестоките концепти на власта и опозицијата.
„ВМРО-ДПМНЕ многу болно го прими поразот во општина Центар и покрај убедливата победа во државата на локалните избори. Тука е проектот Скопје 2014-та, во Центар е концентрацијата на сите тие инвестиции и нормало дека такво судрување ќе продолжи за секој потег на градоначалникот и обратно за секој потег на владата во таа територија, во општина Центар и ќе добива и политички димензии.“
Рамадани додава дека почетокот навестува дека допрва ќе има преврирања во Центар и кршења на копјата.
Одложување на овој моментален детален урбанистички план за кој имаме предлог одлука да се укине, значи само се однесува за објекти или за маркици каде не започнало градење или градењето е во раните фази. А се што е започнато, се што е изградено, се за што има издадено документација воопшто нема да биде предмет на одлуката за поништување.Мирослав Шиповиќ , претседател на Советот на општина Центар.
„Одложување на овој моментален детален урбанистички план за кој имаме предлог одлука да се укине, значи само се однесува за објекти или за маркици каде не започнало градење или градењето е во раните фази. А се што е започнато, се што е изградено, се за што има издадено документација дали од Општината или од Министерството за транспорт и врски, тоа воопшто нема да биде предмет на одлуката за поништување на деталниот урбанистички план. “
Тоа што Општина Центар става на дневен ред неколку урбанистички планови е акт со кој се цели да се врати работата на општината во рамките на Уставот и законот вели архитектот Мирослав Грчев. Тој вели дека досега работата на Советот била инструметализирана од страна на власта и биле носени одлуки кои се противзаконски, но сега обидот на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски и на Советот да ја вратат правдата и правото, не значи дека сето она што се изградило во меѓувреме треба да исчезне или да се сруши.
Значи она што се почнало или што се изградило, тоа има одобрене за градба издадено врз основа на урбанистичкиот план додека тој важел.Мирослав Грчев, архитект.
„За тоа никој нема сила, за тоа не постојат никакви практични предуслови и конечно вадењето на еден акт како што е урбанистичкиот план, односно одлуката за неговото донесување на сила, односно престанувањето да важи нема ретроактивно дејство, значи она што се почнало или што се изградило, тоа има одобрене за градба издадено врз основа на урбанистичкиот план додека тој важел.“
Вчера граѓани протестираа пред местото каде што се гради црквата Свети Константин и Елена, тие упатија апел да не се укинува маркичката на која треба да се гради Црквата.
„Не знам зошто сум овде, ми рекоа да дојдам.“
„Како не знаеш!!! Немаш свое мислење, кога те известија за состанок.“
„Свое мислење?! Ми рекоа да дојдам пред Мајка Тереза.“
„Ти христијанка ли си, што си?“
„Христијанка“, рекоа граѓаните на протестот.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Такво судрување ќе продолжи за секој потег на градоначалникот и обратно за секој потег на владата во таа територија, во општина Центар и ќе добива и политички димензии.Исмет Рамадани, аналитичар.