Путин и неговата сопруга објавија дека се разведуваат

Рускиот претседател Владимир Путин и неговата сопруга изјавија дека се разведуваат. Разводот се случува по 30 години брак. Путин ја објави одлуката преку телевизискиот канал Русија 24 откако тој и неговата сопруга присуствуваа на балетот „Есмералда’ во Москва, во четвртокот вечерта. Путин рече дека тие практично и не се гледаат никогаш. Сопругата на Путин, Људмила пак изјави дека тие ќе останат блиски и дека му е благодарна за поддршката. Тие имаат две ќерки, Марија и Екатерина.