Советниците-Македонци револтирани, зашто, како што тврдат, во Советот се спроведуваат само еднопартиски одлуки на ДУИ, ја напуштиле последната седница на Советот.
Наместо да се посвети на реализација на проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеење на сите граѓани на Општина Кичево, новата локална власт повеќе се занимава со нарушување на меѓуетничките односни. А, ова особено доаѓа до израз при спроведување на новите кадровски решенија во новиот Управен одбор на Комуналец и училишните одбори на сите основни и средни училишта во Општината. Вака обвинуваат сите 11 советници од коалицијата „Кичевчани за Кичево“, кои чинат 45 отсто, поточно учествуваат во новиот состав со само еден советник помалку во однос на советниците од ДУИ.
Советниците револтирани, зашто, како што тврдат, во Советот се спроведуваат само еднопартиски одлуки на ДУИ, не водејќи сметка за интересите на другите граѓани во Општината, ја напуштиле последната седница на Советот.
„Откако не беше прифатен ниту еден предлог, претставниците на коалицијата „Кичевчани за Кичево“, ја напуштија седницата и беа без наше присуство изгласани Училишните одбори за градските и приградските училишта“, вели Дејан Пандилевски, член на ВМРО–ДПМНЕ и координатор на советничката група на коалицијата „Кичевчани за Кичево“.
Ванчо Србакоски, советник од СДСМ и член на оваа коалиција, вели дека не се почитува ниту еден договор на координативните состаноци, кога се внимава на интересите и потребите на сите граѓани во Општината, без оглед на нивната етничка припадност.
„Ако продолжи ваквата работа на Советот на Општина Кичево, значи тоа што го договараме на координација, ако не важи како одржана седница и пред советниците и спротивно на интересите на граѓаните на Општина Кичево и нашите гласачи што ни ја дадоа довербата за оваа коалиција, ние ќе ги напуштаме сите седници“, изјави Србакоски.
Најизразен пример за некоректноста во работата на новата локална власт, велат овие советници, се кадровските решенија во Управниот одбор на Комуналец, каде од ДУИ се именувани 9, а од коалицијата само два члена и тоа по нивен избор. Одлуката, тврдат, била донесена во нивно отсуство, откако бил одбиен предлогот во 11-члениот Управен одбор, да бидат именувани 5-мина од коалицијата, што според нив е реално, имајќи го предвид фактот дека ДУИ има само еден советник повеќе.
Но, наспроти сите обвинувања, претседателот на Советот, Ќамил Алиу вели дека Советот работи демократски, согласно законските регулативи, одлуките се легитимни. Тој обвини дури и еден од советниците на опозиционата коалицијата дека на почетокот на последната седница, дури нему му се обратил со многу погрдни зборови, но подоцна се коригирал, па седницата продолжила и се одржала во законски рамки. За Алиу нема никаков проблем во работата на Советот. Тој ги повикува советниците од опозицијата да бидат поконструктивни на следната седница на Советот, зашто сите одлуки кои се носат се во интерес на сите граѓани на Општината, без оглед на нивната етничка и верска припадност.
Откако не беше прифатен ниту еден предлог, претставниците на коалицијата „Кичевчани за Кичево“, ја напуштија седницата и беа без наше присуство изгласани Училишните одбори за градските и приградските училишта.Дејан Пандилевски, член на ВМРО–ДПМНЕ и координатор на советничката група на коалицијата „Кичевчани за Кичево“.
Советниците револтирани, зашто, како што тврдат, во Советот се спроведуваат само еднопартиски одлуки на ДУИ, не водејќи сметка за интересите на другите граѓани во Општината, ја напуштиле последната седница на Советот.
„Откако не беше прифатен ниту еден предлог, претставниците на коалицијата „Кичевчани за Кичево“, ја напуштија седницата и беа без наше присуство изгласани Училишните одбори за градските и приградските училишта“, вели Дејан Пандилевски, член на ВМРО–ДПМНЕ и координатор на советничката група на коалицијата „Кичевчани за Кичево“.
Ако продолжи ваквата работа на Советот на Општина Кичево, значи тоа што го договараме на координација, ако не важи како одржана седница и пред советниците и спротивно на интересите на граѓаните на Општина Кичево и нашите гласачи што ни ја дадоа довербата за оваа коалиција, ние ќе ги напуштаме сите седници.Ванчо Србакоски, советник од СДСМ.