Протест за поддршка на изградбата на црква во центарот на Скопје
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Група граѓани денеска протестираа на локацијата каде што се гради Црквата „Св. Елена и Константин“, против, како што велат, намерите на Општина Центар да го измени ДУП-от со што црквата би станала дивоградба.
Општина Центар реагира дека протестите ги организира владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите акти на Градоначалникот и на Советот се во правец на враќање на законитоста. Претходното раководство на општина Центар носеше одлуки кои беа противуставни и спротивни на интересите на граѓаните“, се вели во реакцијата на Општина Центар.