Ниту извршната, ниту судската власт, ниту Собранието не се огласија на нашите барања и затоа го одржуваме денешниот протест на местото на трагичниот настан, вели братот на убиениот Мартин, Александар Нешкоски.
Неколку здруженија кои се обединија за да ја побараат целата вистина за убиството на Мартин Нешкоски се подготвени да ја бараат правдата до крај и да ги расчистат сите дилеми како точно се случило убиството. Ниту извршната, ниту судската власт, ниту Собранието не се огласија на нашите барања и затоа го одржуваме денешниот протест на местото на трагичниот настан, вели братот на убиениот Мартин, Александар Нешкоски.
„Правдата за Мартин, како и да е, мора да биде задоволена затоа што граѓаните, народот е на наша страна. Ако нема правда за Мартин, тогаш нема слобода за никого.“
Пред речиси година и половина судот го осуди „тигарот“ Игор Спасов на 14 години затворска казна за убиството на Мартин Нешкоски, но семејството и здруженијата кои се придружуваат на протестот се едногласни дека тука не завршува целиот случај и дека одговорноста е многу поширока.
„Четиринаесет години е тој казнет, но не е само тој. Треба да се има и командна одговорност и уште четири-пет луѓе коишто се активно вклучени во самото убиство, што го преместувале. Ги имаме доказите, има слики, јас и денеска ќе ги изложам на плоштад доказите со кои докажувам дека тука има командна одговорност“, вели Александар Нешкоски.
„Главните проблеми, покрај тоа што МВР фактички лажеше за настанот, се тоа што не беше водена соодветна истрага, како од МВР, така и од страна на Јавното обвинителство. Тоа се од прилика причините зошто и по две години ние се одлучивме повторно да излеземе и да ги повториме нашите барања“, додава Воислав Стојановски од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Семејството е подготвено правдата да ја бара во Стразбур. Но групата здруженија најавува и други чекори, како што е отворање на веб портал каде што ќе можат да се пријавуваат сите случаи на насилство и злоупотреби од страна на полицијата, вели Стојановски, а тие веќе работат и на апликацијата до судот во Стразбур, а исто така ќе биде побарано од Општина Центар поставување спомен обележје за овој случај да не биде заборавен.
Ако нема правда за Мартин, тогаш нема слобода за никого.Александар Нешкоски, брат на убиениот Мартин.
„Правдата за Мартин, како и да е, мора да биде задоволена затоа што граѓаните, народот е на наша страна. Ако нема правда за Мартин, тогаш нема слобода за никого.“
Пред речиси година и половина судот го осуди „тигарот“ Игор Спасов на 14 години затворска казна за убиството на Мартин Нешкоски, но семејството и здруженијата кои се придружуваат на протестот се едногласни дека тука не завршува целиот случај и дека одговорноста е многу поширока.
Главните проблеми, покрај тоа што МВР фактички лажеше за настанот, се тоа што не беше водена соодветна истрага, како од МВР, така и од страна на Јавното обвинителство.Воислав Стојановски, Хелсиншкиот комитет за човекови права.