Протести поради законот за абортус во Скопје

За денеска се најавени протести пред Собранието на дел од невладините организации кои сметаат дека предлог законот за прекин на бременоста ги ограничува правата на жената.
Тие бараат Собранието да не дискутира за овој закон, а министерството за здравство, како предлагач, да го повлече законот.
Во нивното соопштение се наведува дека овој закон ниту е истиот како оној од 1972, ниту ќе го подобри здравјето на жената, како што тврди ресорниот министер.