Јанша доби две години затвор за корупција

Поранешниот премиер на Словенија, Јанез Јанша, е прогласен за виновен за корупција и доби затворска казна од 2 години. Според судската пресуда, Јанша се согласил да и биде исплатена провизија на неговата партија, за да помогне да биде склучен договор со финската фрима Патриа, во вредност од 278 милиони евра, за набавка на 136 борбени возила. Јанша, кој беше принуден да си поднесе оставка во февруари поради други сомневања за корупција, најави дека ќе се жали на пресудата.