Собраниската Комисија за здравство денеска ќе одржи јавна расправа по Предлог законот за прекинување на бременост. Дел до невладините организации кои сметаат дека овој закон само ќе ги ограничи жените во слободно донесување на својата одлука за прекинување на бременоста, најавија протест пред Собрание. Тие сакаат да испратат јасната порака до Собранието да не дискутира за овој закон, како и до Министерството за здравство, како предлагач, да го повлече законот.