Посветување на политичкиот дијалог, консолидација на СДСМ, преструктуирање на опозицискиот фронт. Ова се дел од работите кои партиите ги очекуваат од новиот лидер на СДСМ Зоран Заев.
Еден ден по изборот на новиот лидер, некои од партиите во владејачкото мнозинство го повикаа СДСМ да се посвети да работи на обврските во рамки на политичкиот дијалог, алудирајќи на формирањето на Комисијата од 24 декември.
Ермира Мехмети од ДУИ изјави дека очекува изборот на новиот претседател да биде дел од процесот на непходната консолидација на партијата.
„За нас е битно СДСМ да успее да се консолидира и да функционира како сериозна опозициска партија, затоа што нејзините обврски во рамките на политичкиот дијалог, како еден од клучните предуслови за членство во Унијата, ќе биде навистина клучна во неделните што следуваат.“
За разлика од ДУИ во ВМРО-ДПМНЕ изборот на новиот лидер не гарантира дека ќе се направат промени во претходната политика на партијата. Јасно е дека сеедно кој и да биде избран, Бранко Црвенковски ќе биде во позадина на политиката на партијата, коменираше премиерот Никола Груевски непосредно пред конгресот на СДСМ.
Меѓутоа изборот на новиот лидер на СДСМ во еден дел ги повикува и партиите од опозицијата да покажат поголеми активности во рамки на опозицискиот фронт.
Тито Петковски од НСДП, начинот на избор на претседател на СДСМ го оцени како демократски израз и потсети на како што рече неопходноста врз нови основи да се постави
соработката во опозицискиот фронт.
„Некои политички партии на локалните избори покажаа дека можеби не е вистинското друштво, односно вистинската коалиција која може да гарантира акумулација на поголем број опозициски расположени гласови, така да нешто ќе се редуцира, а и оваа најава околу формирање на „центар“ и овие нови политички партии, ќе наложи што побрзо престројување на опозицијата во целина.“
Познато е дека неколку политички партии кои беа во опозицискиот фронтот веќе го напуштија, а други по изборите се воздржани околу натамошната соработка со СДСМ.
Роза Топузовска Каровска од ЛДП изјави дека формираниот Сојуз за иднината е гаранција дека соработката ќе продолжи.
„Очекувам дека ќе опсои Сојузот за иднината, дека ќе се почитуваат сите договори затоа што имаме една заедничка цел – да се поразат погубните политики на Никола Груевски.“
Актуелниот градоначалник на Струмица Зоран Заев е избран за нов претседател на СДСМ на вчерашниот конгрес на партијата, совладувајќи ги Зоран Јовановски и Кире Наумов со речиси двојно повеќе гласови.
За нас е битно СДСМ да успее да се консолидира и да функционира како сериозна опозициска партија, затоа што нејзините обврски во рамките на политичкиот дијалог, како еден од клучните предуслови за членство во Унијата.Ермира Мехмети, ДУИ.
Ермира Мехмети од ДУИ изјави дека очекува изборот на новиот претседател да биде дел од процесот на непходната консолидација на партијата.
„За нас е битно СДСМ да успее да се консолидира и да функционира како сериозна опозициска партија, затоа што нејзините обврски во рамките на политичкиот дијалог, како еден од клучните предуслови за членство во Унијата, ќе биде навистина клучна во неделните што следуваат.“
Некои политички партии на локалните избори покажаа дека можеби не е вистинското друштво, односно вистинската коалиција која може да гарантира акумулација на поголем број опозициски расположени гласови, така да нешто ќе се редуцира, а и оваа најава околу формирање на „центар“ и овие нови политички партии, ќе наложи што побрзо престројување на опозицијата во целина.Тито Петковски, НСДП.