Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека протестите поради сечењето на дрвата во истанбулскиот парк Гези не се еколошки, туку имаат идеолошки карактер.
„Во период кога Турција постигнува успеси во сите области, ние сме сведоци на непосакувани провокации. Гледаме како се обидуваат да предизвикаат хаос, каков што се користеше во минатото за да се собори Владата. Гледаме дека опозицијата и другите сили прибегнуваат кон провокации од безизлез, бидејќи знаат дека ќе изгубат на избори“, посочи Ердоган.
Тој додаде дека е планирано да се реконструираат касарни од Османлиската империја во паркот Гези, но и да се сочува зеленилото, додека сè уште нема конечна одлука за изградба на трговскиот центар.
Во Истанбул засега е мирно, вклучително и во квартот Бешикташ, каде синоќа имаше судири меѓу демонстрантите и полицијата. Властите соопштија дека се приведени 939 демонстранти во повеќе од 90 одвоени демонстрации ширум државата, додека лекари зборуваат за цифра од околу илјада повредени во Истанбул и неколку стотици во Анкара.
Групи млади луѓе во Анкара и денеска преку социјалните мрежи повикуваат на протести.
Немирите во Турција почнаа по повеќедневни протести поради планови за преуредување на паркот во близина на плоштадот Таксим во Истанбул, но по обидот на полицијата во петокот да ги растера демонстрантите со водени топови и солзавец тие прераснаа во антивладини протести и се проширија и во други градови.