СДСМ избира нов лидер

Илустрација.

Делегатите на конгресот, како што појаснуваат од СДСМ, денеска имаат право да предложат и други кандидати за лидер на партијата, а постои можност и некој од веќе кандидираните да се откаже од претседателската трка.

По него се обратил претставникот на иницијативниот одбор Наум Буревски, кој побарал од делегатите да ја поддржат желбата на над 30.000 членови на СДСМ Црвенковски да остане лидер на партијата. Потоа иницијативниот одбор демонстративно го напуштил конгресот, бидејќи, како што велат, не се зело во предвид барањето на членството. Се заканија дека кој и да биде избран за претседател на партијата, нема да ја има нивната поддршка.

Секој кандидат за лидер на партијата има можност за петнаесетминутно обраќање пред 705-те делегати и претставување на својата програма. За избран ќе се смета кандидатот што ќе добие над 50 отсто од гласовите под услов да се изјасниле најмалку една третина од вкупниот број на делегати. Гласањето на делегатите ќе биде тајно.

СДСМ е формирана на 21 април 1991 година. Во изминатите години претседател на партијата со најдолг стаж е Бранко Црвенковски, кој сè уште ја води СДСМ. Претседатели на партијата беа и Владо Бучковски и Радмила Шеќеринска.