Со барокни скали кон подобро утре

На плоштадот Македонија се предвидени шпански скали.

Барокно руво за ГТЦ, шпански скали на плоштад, проектот Скопје 2014-та се проширува и надградува. Дел од граѓаните велат дека во центарот има премногу градби, некои пак велат дека треба уште да се гради, трети бараат да се заштити она што го имаме.
Барокното руво со кое Градскиот трговски центар влегува во проектот Скопје 2014, како и претходно најавените шпански скали кои треба да си најдат свое место на плоштадот Македонија, предизвикаа коментари и кај минувачите и кај луѓето кои го следат овој проект. Според новиот план, отворената градба на ГТЦ, наградувана и призната во архитектонскиот свет, сега ќе биде од затворен тип, ќе има плус еден кат, куполи и антички столбови. Раководството на ГТЦ од трета успеа да избере нов изглед на зградата, откако двата претходни конкурси пропаднаа, а беше сменета и изборната комисија.
Сè што се прави, сè е добро, зошто да смета, а што на плоштадот ќе вршиме јачмен?
Анкетиран граѓанин.

Шпанските скали, пак, треба да никнат на местото кое првично беше планирано за изградба на црква, а потоа таму требаше да се гради зграда на Народна банка.

Предвидениот изглед на ГТЦ.


Дел од граѓаните велат дека во центарот има премногу градби, некои пак велат дека треба уште да се гради, трети бараат да се заштити она што го имаме.
Уште скали ни фалат на плоштадот, толку е пренатрупан, има убавини кои можат да се видат, ама премногу е натрупано.
Анкетиран граѓанин.

„Сè што се прави, сè е добро, зошто да смета, а што на плоштадот ќе вршиме јачмен?“

„Уште скали ни фалат на плоштадот, толку е пренатрупан, има убавини кои можат да се видат, ама премногу е натрупано.“

„Ние овде треба да правиме нешто автентично, што сме го имале.“

„Мислам дека сè што може се направи треба да се направи, тоа е убава работа. Нека не зборува народот немаме воздух, имало споменици. Сè што се направи е најубавото нешто што му се случи на овој народ и на оваа држава.“

„Сето она што се изгради во Скопје 2014 е спротивно не само на модерните технологии, туку и на европските вредности, се пропагира некој стил којшто никогаш не бил својствен за оваа територија, наместо да се гордееме со она што го имаме, ние тотално го погазивме.“

Дали на Плоштадот Македонија во Скопје има место за нови градби? - е прашање во нашата рубрика Хајд Парк. Погледнете го видеото и коментирајте овде.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Хајд Парк - Дали на плоштадот има место за нови градби?

Никола Наумоски од Плоштад Слобода вели дека на плоштадот не му треба уште една градба, особено не на парцелата од каде почна проектот Скопје 2014, парцелата каде што требаше да се изгради црква.

„Тоа се истите луѓе кои трубеа како Лумикс ќе го задуши центарот на градот, тоа се истите луѓе кои во 2004 изјавуваа дека тогашниот градоначалник Пенов треба да распише референдум за изгледот на плоштадот, а еве видете што направија од него. Некогаш се чудевме на гусарските бродови, па на панорамското тркало, на мостот на уметноста, па на каруселот и сега на шпанските скали кои нема да водат никаде.“

Претседателката на Здружението на граѓани „Центар за културно наследство“, професор Донка Барџиева Трајковска, неодамна ни изјави дека проектот Скопје 2014 има тенденција да го промени карактерот на идентитетот на самата држава.

„Во случајов, сите постапки, особено поврзани со градежните активности во рамките на тој, за мене веќе крајно, не проблематичен, туку крајно штетен проект Скопје 2014, подразбира интервенција во една сосема друга насока која е апсолутно неприфатлива.“