Православието против модерното

Во повеќето земји во Источна Европа се посилно дуваат ветриштата на модернизацијата. Сепак, во дел од нив парвославните цркви се обидуваат да ги запрат со противење на реформите.
Во Источна Европа, земји како Грузија, Русија, Молдавија и Србија, секоја на свој начин се обидува да се модернизира. Тамошните движења за правата на жените, на етничките малцинства и хомосексуалците бележат успеси.

Но, она што исто така им е заедничко на овие земји се православните цркви кои често дејствуваат како политички и социјални конзервативни сили и кои на секоја нова работа гледаат како на странска закана со цел уништување на светите национални традиции.

На почетокот на мај во Белград околу 3 илјади луѓе се собраа да протестираат против договорот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Демонстрациите беа организирани од два попа, иако српскиот патријарх Иринеј се дистанцира од таквата акција.

Еден од организаторите, попот Атанасие, тогаш им кажа на насобраните дека премиерот Ивица Дачиќ го чекало иста судбина како и Зоран Џинџиќ кој во 2003 година беше убиен од противниците на неговите реформи.

„Премиерот зборува дека е за релна политика и само за земска Србија. Тој не е заинтересиран за небеска Србија. За жал тоа го велеше и Ѓинѓиќ. И знаеме како заврши. Нема земска, без небеска Србија“, изјави Атанасие.

Многумина пак, беа шокирани кога група православни свештеници се обидоа да го растурат собирот за правата на хомосексуалците во грузискиот главен град Тбилиси.

Премиерот зборува дека е за релна политика и само за земска Србија. Тој не е заинтересиран за небеска Србија. За жал тоа го велеше и Ѓинѓиќ. И знаеме како заврши. Нема земска, без небеска Србија.
Атанасие, српски поп.
Во Молдавија пак, конзервативното свештенство се противи на клучните елементи од напорите на земјата да се интегрира во Европската унија, меѓу кои и законот за забрана на дискриминација врз основа на сексуалната ориентација.

„Мое мислење е дека Молдавската Православна црква ќе се залага за откажување на сегашната интенција на земјата за интегрирање во Европската унија, бидејќи е субординирана од Руската православна црква која неодамна повтори дека Молдавија е дел од таканаречениот руски свет“, вели Игор Ботан, политички аналитичар од Кишињев.

Верските организации од секогаш се обидувале да го бранат она што ги сметаат за традиционални и основни вредности против брановите на модернизацијата. Но, никој во Европа тоа не го прави толку агресивно како православието.

Според експертите, православните цркви традиционално се во блиски односи со автократските влади се додека тие го поддржуваат православието. Во случаи како Русија тие ја делат перцепцијата дека надворешниот свет е непријателски настроен.

Минатиот месец рускиот патријарх Кирил издаде соопштение во кое феминизмот го оценува како многу опасна појава. Битката меѓу секуларните влади и конзервативните православни елементи во источниот дел на Европа, според нив, би можела да потрае подолго време.

Како и да е, примерите од Грција, Кипар, Романија и Бугарија покажуваат дека православието и европската интеграција не се неспоиви.

Впрочем како што додаваат, токму Вселенскиот патријарх Вартоломеј е оној што најдалеку отиде во прифаќањето на таканаречените западни вредности, особено слободата на вероисповед и не само со неговото седиште во Истанбул, каде што е лидер на верско малцинство во исламската Турција.