„Звуците на Македонија“ е насловен новиот, втор по ред, албум на ДУО СКУПИ. Следејќи ја сопствената идеја да се бават со звуковната традиција на оваа наша балканска ветрометина, флејтистката Јета Старова Мехмети и виолинистот Ермал Мехмети, овојпат и се обраќаат на староградската македонска музика креирајќи современо дело исткаено од почит, искреност и многу љубов.
Не бадијала Јета Старова Мехмети и Ермал Мехмети на кориците од својата втора дискографска објава ќе запишат дека „албумот го посветуваат на љубовта и на мирот“. Впрочем, за оние што добро ги познаваат овие млади уметници, ова и не е некое посебно изненадување. Тоа од нив и можеше да се очекува ако се знае дека тие поодамна раскрстиле со предрасудите и по сопствен избор решиле да бидат градители во вистинскиот смисол на зборот.
Од таму „Звуците на Македонија“, со деветте обработки на староградски македонски песни и ора како „Со маки сум се родил јас“, „Не си го продавај Кољо чифлигот“, „Дафино вино црвено“, „Јано мори“, „Калајџиско оро“..., е МОСТ кој стамено се издига над нашето секојдневие и кој не само што не приближува едни на други, туку како што ќе забележи во една пригода класикот Петре М. Андреевски, „ни го покажува патот како понатаму“. Едноставно, со должна почит, искрено и над се со многу љубов.
„Истражувањето траело од моментот кога сме се родиле па навака. Тоа се песни со кои што сме израснале. Значи, ги пееле поранешните генерации, сме ги слушнале наоколу, сме ги гледале луѓето како ги пеат и тоа се песни и ора кои нам ни оставиле силен впечаток“, истакнува Ермал Мехмети.
Тој дополнува дека тие девет композиции не е сето она што дуетот може да го направи, туку дека тоа бил одбирот за оваа пригода.
„Мора да бидеш искрен кон тие звуци за да можеш да работиш со нив, да ги пренесеш од еден период во друг. И тоа во време на електроника. Има мелодии кои што можат да се преработат за овој ансамбл а постојат песни кои што не можат да се преработат. Не можат! Сите можат меѓутоа нема да звучат онака препознатливо за ДУО СКУПИ. И, тоа беше тој избор за овој албум.“
„Звуците на Македонија“, како носач на звук, доаѓа не многу по дебитантската објава на која беа поместени обработки на албански традиционални песни, мелодии и парчиња филмска музика. Она што е битно за таа објава е што таа ја изнедри и ја заокружи идејата на ДУО СКУПИ да се продолжи потрагата по регионалните музики и да се акцентираат нивните взаемни врски. Така повеќе од нормално Јета Старова Мехмети и Ермал Мехмети, како урбани едуцирани луѓе и музичари отворени за разните созвучја и влијанија, решаваат својот следен исчекор да го сторат посегајќи по традицијата покрај која израснале и која им е најблиска. И, тоа го прават растеретени од мислата дека стапнуваат на опасно тло. Тие се свесни дека поигрувањето со традицијата не е лесна задача, дека песните во годините наназад многупати биле преработувани, но конечно си даваат слобода да го задоволат својот творечки немир.
„Навистина се потрудивме да оставиме добар впечаток во јавноста затоа што овие песни кај нас во Македонија многупати се преработувани. Решивме да оставиме нешто ново и повпечатливо, свое, за да ја заинтригираме публиката да не слуша и да доаѓа на нашите настапи. Нам ни беше ова предизвик и сега ќе видиме како понатаму ќе се одвиваат работите“, вели Јета Старова Мехмети.
„На ум ни падна – ајде одиме понатаму. Ајде сега ќе се обидеме со македонските песни. И, баш ќе ги направиме како треба! И да звучат како дел од истата приказна како со дел од албанските. И така барем мене ми звучат“, дополнува виолинистот.
Сега, веќе со две издание зад себе, ДУО СКУПИ се во позиција поагресивно да атакуваат на концертните подиуми не само во регионов туку и во светот, а повеќе од сигурно е и тоа дека Јета и Ермал овде немаат намера да ја заокружат својата актуелна музичка приказна.
„Балканот ни ја пружа таа можност. Никој не нè кочи во таа работа. Фолклорот од дамнина си постои. И тоа богатство ние можеме да го искористиме. Значи, тој се наметнува сам по себе. Да сме живи и здрави, овој проект мораме да го водиме понатака! “, ќе рече Старова – Мехмети.
Истражувањето траело од моментот кога сме се родиле па навака. Тоа се песни со кои што сме израснале. Значи, ги пееле поранешните генерации, сме ги слушнале наоколу, сме ги гледале луѓето како ги пеат и тоа се песни и ора кои нам ни оставиле силен впечаток.Ермал Мехмети, виолинист.
Од таму „Звуците на Македонија“, со деветте обработки на староградски македонски песни и ора како „Со маки сум се родил јас“, „Не си го продавај Кољо чифлигот“, „Дафино вино црвено“, „Јано мори“, „Калајџиско оро“..., е МОСТ кој стамено се издига над нашето секојдневие и кој не само што не приближува едни на други, туку како што ќе забележи во една пригода класикот Петре М. Андреевски, „ни го покажува патот како понатаму“. Едноставно, со должна почит, искрено и над се со многу љубов.
„Истражувањето траело од моментот кога сме се родиле па навака. Тоа се песни со кои што сме израснале. Значи, ги пееле поранешните генерации, сме ги слушнале наоколу, сме ги гледале луѓето како ги пеат и тоа се песни и ора кои нам ни оставиле силен впечаток“, истакнува Ермал Мехмети.
Навистина се потрудивме да оставиме добар впечаток во јавноста затоа што овие песни кај нас во Македонија многупати се преработувани. Решивме да оставиме нешто ново и повпечатливо, свое, за да ја заинтригираме публиката да не слуша и да доаѓа на нашите настапи. Нам ни беше ова предизвик и сега ќе видиме како понатаму ќе се одвиваат работите.Јета Старова Мехмети, флејтистката.