Тодоров - со законот за абортус не се ограничува правото на избор


„Со Предлог-законот за прекинување на бременост воопшто не се забранува абортусот во Македонија, ниту на кој било начин се ограничува правото на избор на жената. Абортусот може да се ограничи само во случај кога има определени медицински причини. Она што се менува со Предлог-законот се само некои идеолошки одредби„.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека Предлог-законот во најголема мерка е идентичен со оној кој и досега беше во сила во последните 37 години во Македонија.

Инаку, Собранието на Република Македонија денеска по скратена постапка треба да се произнесе по владиниот предлог-закон за абортус. Неколку граѓански организации за денеска пред Собранието организраат протест под мотото „Не за предлог-законот за прекин на бременоста“.