Илјадници кумановци егзистенција обезбедуваат во воени база во Авганистан и Ирак. По „печалбата“ таму, дел од нив инвестираат во бизнис, но најчесто обидите завршуваат безуспешно, а печалбарите повторно заминуваат по нови заработувачки.
Безмалку една деценија неколку илјади кумановци за себе и за нивните семејства обезбедуваат егзистенција во американските воени бази во Ирак и Авганистан. Многумина од нив заработените пари, кои за македонски услови се енормни суми, ги потрошија или ги трошат за решавање на станбено прашање, за купување автомобили, патувања и семејни прошетки.
Малкумина пак, се обидоа да направат сопствен или семеен бизнис. Најчесто обидите завршуваат безуспешно, а печалбарите повторно заминуваат по нови заработувачки со веќе цврст став дека вложување пари во бизнис во својот град и во државава е пропаст. За жал, до сега ниту една институција не се позанимавала ниту со бројката на луѓето кои се на печалба, ниту пак со некоја стратегија како тие заработени пари луѓето да ги вложат во нешто, да ги „свртат“ и да ги „оплодат“.
Здружението „Диверзити Медиа“, во Куманово организираше разговор на компетентните и се обиде да ја отвори темата за сериозно и конструктивно размислување, при тоа Куманово именувајќи го Кумановстан.
Печалбарите тешко се одлучуваат да зборуваат јавно. А кога ќе проговорат барем малку, велат дека:
„Државата и законите кај нас не даваат никаква сигурност за да ги вложиме своите пари. Се плашиме дека бенефитот ќе биде никаков. Не верувам дека може да се живее од камата, а ние парите ги трошиме за основните егзистенцијални прашања, станот и потребите за домаќинствата. Се работи просечно за 30 до 50 илјади долари, што не е голема сума за бизнис. Секако би одел пак, не можеме да се вработиме, бидејќи кај нас постојат само две работни организации, СДСМ и ВМРО и ако не сте член во едната од нив не можете да најдете работа.“
Христијан Ристески од Центарот за економски анализи од Скопје вели дека наоѓање решенија за овие луѓе е комплициран процес, бидејќи тие работеле во многу поразлични услови. Не им веруваат на институциите,политизираноста на општеството им пречи. Тие се расцепкани индивидуалци, некои поседуваат вештини и знаења за водење бизнис, некои не, затоа:
„Имајќи предвид дека постои голем ризик, како помал ризичен простор би ги посочил јавно-приватно партнерство или обврзници за општината, со тоа што би вложиле одредени средства за јавните дејности и со тоа би им се гарантирал некој фер профит.“
Ристески вели дека веќе е доцна на печалбарите да им се предочува како да ги вложат своите пари. Голем дел од нив заминуваат во други земји, каде што гледаат подобра перспектива. Според него непознато е колку пари се слеваат во банките, но дека се работи за големи суми покажува и само бегол поглед на улиците во Куманово.
Синиша Наумовски од „Евро-колеџ“ е со тезата дека спечалените пари треба да се вложуваат во претприемништво, а не во недвижности. Тој заедно со „Евро колеџ“ ќе настојува да се креира Здружение.
„И ќе креираме консултантска куќа со банкарски експерти во државата. Тоа ќе им помогне во сменување на перцепцијата,со позитивна организација, со позитивни членови, до успех. Првата работа со локалната самоуправа е да се смени психолошкиот елемент.“
Градоначалникот Зоран Дамјановски смета дека на печалбарите ќе им се овозможи да развиваат свој бизнис, во направената економска зона во атарот на Речица.
„Шестотини илјади квадратни метри за 60 капацитети,мали фабрики од лесна, незагадувачка индустрија,помали парцели од 10 илјади до 12 илјади метри. Да го вложат тој капитал, да се зголеми бројот на вработувања и зајакнување на економскиот развој.“
Со тоа ќе има можности за околу две илјади нови вработувања.
Не верувам дека може да се живее од камата, а ние парите ги трошиме за основните егзистенцијални прашања, станот и потребите за домаќинствата. Се работи просечно за 30 до 50 илјади долари, што не е голема сума за бизнис.
Малкумина пак, се обидоа да направат сопствен или семеен бизнис. Најчесто обидите завршуваат безуспешно, а печалбарите повторно заминуваат по нови заработувачки со веќе цврст став дека вложување пари во бизнис во својот град и во државава е пропаст. За жал, до сега ниту една институција не се позанимавала ниту со бројката на луѓето кои се на печалба, ниту пак со некоја стратегија како тие заработени пари луѓето да ги вложат во нешто, да ги „свртат“ и да ги „оплодат“.
Здружението „Диверзити Медиа“, во Куманово организираше разговор на компетентните и се обиде да ја отвори темата за сериозно и конструктивно размислување, при тоа Куманово именувајќи го Кумановстан.
Печалбарите тешко се одлучуваат да зборуваат јавно. А кога ќе проговорат барем малку, велат дека:
Имајќи предвид дека постои голем ризик, како помал ризичен простор би ги посочил јавно-приватно партнерство или обврзници за општината, со тоа што би вложиле одредени средства за јавните дејности и со тоа би им се гарантирал некој фер профит.Христијан Ристески, Центар за економски анализи.
„Државата и законите кај нас не даваат никаква сигурност за да ги вложиме своите пари. Се плашиме дека бенефитот ќе биде никаков. Не верувам дека може да се живее од камата, а ние парите ги трошиме за основните егзистенцијални прашања, станот и потребите за домаќинствата. Се работи просечно за 30 до 50 илјади долари, што не е голема сума за бизнис. Секако би одел пак, не можеме да се вработиме, бидејќи кај нас постојат само две работни организации, СДСМ и ВМРО и ако не сте член во едната од нив не можете да најдете работа.“
Христијан Ристески од Центарот за економски анализи од Скопје вели дека наоѓање решенија за овие луѓе е комплициран процес, бидејќи тие работеле во многу поразлични услови. Не им веруваат на институциите,политизираноста на општеството им пречи. Тие се расцепкани индивидуалци, некои поседуваат вештини и знаења за водење бизнис, некои не, затоа:
И ќе креираме консултантска куќа со банкарски експерти во државата. Тоа ќе им помогне во сменување на перцепцијата,со позитивна организација, со позитивни членови, до успех. Првата работа со локалната самоуправа е да се смени психолошкиот елемент.Синиша Наумовски, „Евро-колеџ“.