Државноста се гради со институции, а не со споменици

По намалувањето на кредитниот рејтинг на Македонија од страна на Стандард и Пурс, меѓу другото и поради зголемувањата на капитални расходи за непродуктивни цели, премиерот Никола Груевски вели дека има периоди кога треба да се инвестира и во државноста.
Во државноста се инвестира со јакнење на институциите, а не со градење згради и споменици, реагира претседателката на Здружението на граѓани „Центар за културно наследство“, професор Донка Барџиева Трајковска, по вчерашната изјава на премиерот Никола Груевски дека има ситуации кога секоја држава треба да инвестира во работи поврзани со државноста.
Сите постапки во рамките на тој, за мене веќе крајно, не проблематичен, туку крајно штетен проект Скопје 2014, подразбира интервенција во една сосема друга насока која е апсолутно неприфатлива и била позната историски во други периоди, во други општества, во други држави, меѓутоа крајот на еден таков радикален зафат е за жал негативен и познат и со многу тешки последици по народот во самата држава.
Донка Барџиева Трајковска, универзитетски професор, Центар за културно наследство.

Изјавата на премиерот Груевски беше коментар на намалувањето на кредитниот рејтинг на Македонија од страна на реномираната меѓународна рејтинг агенција Стандард и Пурс. Како дел од причините за намалување на кредитниот рејтинг на Македонија се наведуваат зголемувањата на капитални расходи за непродуктивни цели. По жестоката реакција на Министерството за финансии кое оцени дека извештајот на Стандард и Пурс е неконзистентен и нелогичен и обвини за грубо мешање во внатрешните работи на земјата, премиерот Груевски вчера ја омекна реториката кон оваа меѓународна агенција. Тој рече дека дел од препораките ќе се прифатат и во иднина владата ќе се труди расходите да бидат попродуктивни.

„Секоја држава има ситуации кога треба да инвестира и во нешто што е поврзано со други работи поврзани со државноста на таа држава, но, како и да е, ќе се трудиме во иднина да имаме максимално, колку што е можно повеќе продуктивни инвестиции“, рече Груевски.
Приоритетот е тука она што е фундаментално. Ако вие му дадете приоритет на нешто што е непродуктивно или го пренагласите, навистина нам ни се потребни споменици, нам ни се потребни музеи, но ако го пренагласите тој интерес и го сметате тоа за првенствено, тоа да биде пред сè, тоа веќе е малку проблематично.
Илија Ацески, универзитетски професор.

Професор Барџиева-Трајковска вели дека оваа изјава е крајно проблематична и неприфатлива. Проектот Скопје 2014 има тенденција да го промени карактерот на идентитетот на самата држава, вели таа.

„Во случајов, сите постапки, особено поврзани со градежните активности во рамките на тој, за мене веќе крајно, не проблематичен, туку крајно штетен проект Скопје 2014, подразбира интервенција во една сосема друга насока која е апсолутно неприфатлива и била позната историски во други периоди, во други општества, во други држави, меѓутоа крајот на еден таков радикален зафат е за жал негативен и познат и со многу тешки последици по народот во самата држава“, вели Барџиева-Трајковска.

Социологот, професор Илија Ацески, пак, вели дека државноста е широк поим. И одржувањето на јавната хигиена е инвестирање во државноста, вели тој.

„Приоритетот е тука она што е фундаментално. Ако вие му дадете приоритет на нешто што е непродуктивно или го пренагласите, навистина нам ни се потребни споменици, нам ни се потребни музеи, но ако го пренагласите тој интерес и го сметате тоа за првенствено, тоа да биде пред сè, тоа веќе е малку проблематично“, вели Ацески.

Во последниве пет години долгот на државата е зголемен за скоро 1,4 милијарди евра. Владата денеска ќе побара нов заем од 34 милиони евра, за утре да врати околу 33,8 милиони евра.