Шефовите на дипломатиите на Соединетите држави и на Русија, Џон Кери и Сергеј Лавров се очекува денеска во Париз да се сретнат со шефот на француската дипломатија, за да разговараат за предложената мировна конференција за Сирија. Шефот на сиријската дипломатија Валид ал Маолем вчера соопшти дека неговата влада во принцип е подготвена да учествува на меѓународниот собир. Останува нејасно дали тоа ќе го стори и сиријската опозиција.
Опозицијата која останува поделена во врска со нејзиното функционирање и со влијанието на исламистите, отфрла секакви преговори со владата на претседателот Башар ал Асад.
Под знак прашање е и иранското учество со оглед на француското противење. Франција вели дека Техеран цврсто стои зад сиријската влада. Иран ги отфрла ваквите обвинувања и го обвинува Париз дека се меша во внатрешните работи на Сирија.
Русија, која исто така му е сојузник на сиријскиот режим, соопшти дека ја поддржува идеата Иран да земе учество на конференцијата.
Во меѓувреме, фракциите на сиријската граѓанска опозиција деновиве во Истанбул не успеаа да постигнат согласност да учествуваат на мировната конференција.
„Она што го велам, е дека режимот на Асад треба да стави јасно до знаење оти е за разговори за транзиција кон демократија што значи дека сите сили кои сега се против него би биле дел од таа транзициона влада. Токму тоа е многу нејасно“, изјави претставникот на Сиријската национална коалиција Луај Сафи.
И покрај ваквите длабоки разлики околу конфликтот Вашингтон ја поддржува опозицијата и бара од претседателот Асад да ја напушти функцијата, Соединетите држави и Русија покренаа заеднича иницијатива за можни меѓународни разговори во Женева.
Но, досега не е постигната согласност ни за датумот, ни за учесниците на разговорите. Ситуацијата дополнително се усложни откако шиитскиот Хизболах во Либан застана на страната на режимот во Сирија.
Хасан Насралах, лидер на оваа милитантна група која ја има поддршката од Иран вети дека ќе ја поддржува владата се додека не извојува победа врз опозициските сили.
Неколку часа потоа гранати го погодија подрачјето контролирано од Хизболах во либанскиот главен град Бејрут. Тоа ги обнови стравувањата дека сиријскиот конфликт би можело да се прелее во соседните земји.
Борците на Хизболах минатата недела беа ангажирани во борбите против бунтовничките сили во пограничениот град Кусер.
„Повеќето од нас се многу вознемирени и лути гледајќи како Хизболах станува сила која се обидува да ја контролира Сирија на страната на диктаторот. Се надевам дека заедницата ќе преземе акција да ги запре работите пред да излезат од контрола. Хизболах го влече Либан во сиријскиот конфликт“, оцени претставникот на сиријската опозиција Сафи.
Британија и Франција се на идеја за олеснување на ембаргото против Сирија со цел снабдување на сиријската опозиција со оружје. Тоа не го прифаќаат другите членки на Европската унија. Важноста на ембаргото истекува кон крајот на овој месец.
Според проценките на Обединетите нации, најмалку 80 илјади луѓе загинале во текот на двегодишниот конфликт во Сирија.

Повеќето од нас се многу вознемирени и лути гледајќи како Хизболах станува сила која се обидува да ја контролира Сирија на страната на диктаторот. Се надевам дека заедницата ќе преземе акција да ги запре работите пред да излезат од контрола. Хизболах го влече Либан во сиријскиот конфликт.Луај Сафи, претставник на Сиријската национална коалиција.