Тетекс го освои Купот на Македонија

Фудбалерите на Тетекс го освоија Купот на Македонија откако синоќа во 21 финале пред празни трибини на Националната Арена „Филип Втори“ ја победија Шкендија од Тетово по изведување пенали - 6:5. Натпреварот по продолженито заврши 1:1, исто како што беше и на истекот од 90 минути. За Тетекс ова е втор триумф во Купот и во идната сезона во квалификациите на Лига Европа, Македонија ќе ја претставува како второлигаш, бидејќи го загуби прволигашкиот статус. Шкендија и во своето второ финале не го освои пехарот. Финалето се играше без публика поради инцидентите кои се случија во средата за време на натпреварот закажан во првобитниот термин.