Погребан последниот крал на Југославија

.

Последниот крај на Југославија Петар Втори Караѓорѓевиќ е погребан во Србија, 43 години по неговата смрт во САД. На свечената церемонија присуствуваа и српскиот претседател Томислав Николиќ и премиерот Ивица Дачиќ. На литургијата и поменот присуствуваа и принцот Александар II и неговата сопруга принцезата Катарина, принцот Владимир и принцезата Бригита.
Петар II Караѓорѓевиќ е третиот и последен крај на Југославија кој на тронот седнал во 1934 година откако бил убиен неговиот татко крал Александар I Караѓорѓевиќ . Тој е погребан во црквата Св. Ѓорѓи во близина на Белград. Синот на Петар II, Александар Караѓорѓевиќ се врати во Србија во 2001 годин и побара обновување на монархијата.