Украинскиот суд го забрани одржувањето на првата геј парада во земјата. Судот ја потвди тужбата од страна на властите од Киев, според која парадата ќе ја наруши прославата на одбележување на денот на градот, кој е на иститот датум. Според судот, парадата е ризична, бидејќи може да дојде до насилство. Во минатата година организаторите мораа да ја откажат геј парадата во последен момент.