„Се уште нема официјален одговор на поканата. Можеби во наредните денови ќе биде даден официјален одговор“. Ова, како што јавува МИА, бил одговорот на прес службата на грчкиот претседател Каролос Папуљас во врска со поканата на претседателот Ѓорге Иванов да учествува на Самитот на шефови на држави и влади на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, што во рамките на македонското претседавање со Процесот ќе се одржи на 1 јуни во Охрид. И грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос се уште нема официјално одговорено на поканата на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски за учество на самитот на министри за надворешни работи на земјите на ПСЈИЕ кој ќе се одржи на 31 мај.