Црквата против геј парада во Грузија

Патријархот Илија Втори

Грузискиот патријарх на православната црква Илија Втори ги повика властите да го забранат собирот за правата на геј заедницата кој треба да се одржи во петок во Тбилиси. Според него, хомосексуалноста е аномалија и болест и парадата на гордоста ќе биде навреда за грузиската традиција.
Активистите за правата на геј заедницата го организираат собирот со цел да го одбележат Меѓународниот ден против хомофобијата.