Доколку луѓето почнат да јадат бубачки тогаш ќе бидат надминати проблемите со недостигот на храна, со детската неухранетост, па дури и со дебелеењето, се наведува во најновото истражување на Обединетите нации. И додека за Aзијците и Aфриканците тоа е нормално, останува отворено прашањето дали луѓето на Запад ќе можат да ја надминат аверзијата спрема бубачките?
За над две милијарди луѓе во светот цвркотот на штурците е звук на вкусна ужина. Според најновата студија на Организацијата за храна и земјоделство ФАО при Обединетите нации, западните општества би требало да им се придружат и да почнат да јадат бубачки.
Станува збор за оси, пчели, мравки, скакулци, и секако лебарки кои изобилуваат со протеини, се наведува во истражувањето во кое се додава дека одгледувањето инсекти би можело да придонесе за намалување на недостигот на храна за луѓето.
Колку за пример, скакулците имаат три пати повеќе протеини од говедското месо и содржат важни нутрициски вредности на калциум и железо. Ова не е ништо ново за Азија и Африка каде што веќе постојат фарми за одгледување инсекти.
Ева Милер, директор во ФАО, изразува оптимизам дека наскоро тоа би можело да се случи и на Западот. Таа забележува дека инсектите веќе се појавија на листите за јадење во многу европски ресторани.
Првичните одбивања на ваквата храна таа ги споредува со оние кога за прв пат во Европа се појави јапонското суши. И тогаш луѓето беа ужаснати од помислата да јадат сурова риба.
„Знаеме дека светската популација расте и оти се згoлемува побарувачката за храна и протеини. Токму тоа можат да го понудат инсектите. Освен тоа во западните општества имаме проблем со дебелеењето, а инсектите се добра диетална храна.“
Затоа таа повикува сопствениците на ресторани да воведат храна од бубачки. Извештајот на ФАО доаѓа во моментот кога источниот брег на Соединетите држави се соочува со инвазија на еден вид џиновски штурци.
За повеќето тие се вистински проблем, но не и за Ајса Бетанкур, помошник куратор по ентомологија на Универзитетот во Филаделфија која го сака нивниот вкус.
„Ги нарекувам копнени ракчиња, бидејќи тие се од иста биолошка група на членконоги. Јадеме јастози и ракови, зошто не и и скакулци и штурци.“
Според Бентакур, тие се многу почисти од ракчињата, бидејќи живеат во многу почиста средина од нив кои пак, од друга страна, јадат се за разлика од скакулците. Сепак, таа признава дека има една пречка која луѓето тешко ја надминуваат.
„Мислам дека она што ги одбива луѓето да јадат инсекти е непријатното чувство на крцкање кога ќе ги загризете. Тоа доаѓа од нивниот оклоп, односно од надворешниот скелет на бубачките. Кога еднаш ќе го скршите, тогаш тие се многу вкусни“, вели Ајса Бетанкур, експерт за инсекти на Универзитетот во Филаделфија.
Станува збор за оси, пчели, мравки, скакулци, и секако лебарки кои изобилуваат со протеини, се наведува во истражувањето во кое се додава дека одгледувањето инсекти би можело да придонесе за намалување на недостигот на храна за луѓето.
Колку за пример, скакулците имаат три пати повеќе протеини од говедското месо и содржат важни нутрициски вредности на калциум и железо. Ова не е ништо ново за Азија и Африка каде што веќе постојат фарми за одгледување инсекти.
Знаеме дека светската популација расте и оти се зглемува побарувачката за храна и протеини. Токму тоа можат да го понудат инсектите. Освен тоа во западните општества имаме проблем со дебелеењето, а инсектите се добра диетална храна.Ева Милер, директор во ФАО.