Ивановски го повикува ЗНМ на дијалог

Преговори меѓу владата и ЗНМ, 2012.

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска уште еднаш го повика Здружението на новинари на разговори за нацрт-законот за медиуми.

„Имавме голем број состаноци со уредници, со Македонската асоцијација на новинари, упативме неколку пораки до Здружението на новинари на Македонија, но сè уште не сме добиле ниту предлози од нив, ниту биле прифатени нашите пораки. Би сакал да апелирам уште еднаш, на формален или неформален начин доколку има интерес од нивна страна да дојдат и да дискутираат или, пак, да ги достават нивните предлози до нас во однос на законот за медиуми“, изјави Ивановски на прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања.

Јавната расправа за нацрт-текстот, според него, ќе продолжи сè додека има конкретни, издржани, препораки и критики.