Службата за статистика на ЕУ Еуростат објави дека од 1998 та до 2011-та, 230 илјади луѓе официјално се иселиле од земјава и имаат регулиран престој во странство. Тоа претставува повеќе од 10 отсто од вкупното население во Македонија.
Пари, подобро образование, поплатена работа, љубов… Ова се дел од причините кои годишно тераат илјадници млади луѓе да ја напуштат земјата и да заминат некаде по белиот свет во потрага по подобро утре. Иако државните институции не кажуваат колку луѓе ја напуштиле земјата, службата за статистика на ЕУ Еуростат објави дека од 1998 та до 2011-та, 230 илјади луѓе официјално се иселиле од земјава и имаат регулиран престој во странство. Тоа претставува повеќе од 10 отсто од вкупното население во Македонија.
Од нив 170 илјади Македонци се со привремен престој во земјите од ЕУ. Најголем дел од иселениците во ЕУ живеат во Италија, потоа следуваат Германија, Австрија, Словенија. Во периодот од 2002 година до 2008 година се забележува и масовно одобрување странски државјанства за македонските граѓани. Во тој период околу 5.000 луѓе годишно добивале пасош во друга земја. Но, се претпоставува дека бројката е многу поголема, бидејќи не се знае колку луѓе имаат нерегулиран престој.
Во време на масовна невработеност на младите, низок стандард, мали плати, привремените работи во странство стануваат сè побарани. Освен европските дестинации, и луксузните бродови, Авганистан, Катар, Дубаи, се само дел од приликите за вработување во странство. Но, тешко се добива работна дозвола и постојан престој, па нашинците кои се во странство живеат со постојана опсесија за стекнување државјанство. Фаќање врски, женидби, запишување на универзитети се само дел од можностите да се остане во странство.
Владимир Калински, дипломиран новинар, минатото лето си ја испроба среќата во Канада.
„Решив да ја посетам земјата, бидејќи ми се отвори добра можност да го усовршам јазикот и да го посетам мојот пријател кој веќе 5 години е во Торонто. Но сакав да ги разгледам и можностите за евентуално вработување во област на мојата професија. Три месеци ја посетував школата за англиски, разгледав неколку можности и се вратив во Скопје. Доколку во меѓувреме се отвори некоја поконкретна можност за мое вработување, би се вратил повторно во Торонто.“
Но да се снајде млад човек во Канада, не е толку лесно како што изгледа на прв поглед, вели Владимир.
„Да се отиде како турист, можностите за останување се или повторно да побарате виза како турист или да аплицирате за некоја од другите визи, како на пример онаа за постојан престој која луѓето најчесто ја бараат. Таа виза се добива или ако најдете постојано вработување или доколку најдете брачен партнер. Од она што го велат луѓето со кои јас разговарав и ги запознав таму, велат за да се снајдеш и да застанеш добро на нозе од финансиски аспект, потребни се од прилика 3-5 години.“
Неговиот домаќин, кој веќе 5 годни е таму, успевал сите тие години да ја продолжува туристичката виза, за на крај да добие постојан престој благодарение на работодавачот кој му понудил гаранција.
Бошко Заовски студира физика и летниот период веќе неколку годни го користи за работа во странство.
„Три години по ред доаѓам во Грција на работа, од финансиски причини пред сè. Парите што ги заработувам летно време обично ми се доста преку цела година. Одам пред сè заради пари, инаку и во Скопје може да се најде работа, но далеку помалку платена.“
Тој не користи агенции кои посредуваат за работа, туку првата година сам си нашол работа и секоја година оди повторно кај истиот газда.
„Нема некоја голема побарувачка, повеќето од луѓето наоѓаат работа, но има и доста кои се враќаат.“
Но, не секогаш немањето работа во земјава е предуслов некој да сака да ја напушти. Даниела Јовановска работи како медицинска сестра, но веќе неколку годни интензивно разгледува опции да ја напушти земјата. Вели дека во земјава нема доволно добри услови за некој да се афирмира професионално. Постојат можности, но сите се на некое ниво, само што си почнал си застанал и стоиш така до пензија, вели Јовановска.
„Јас не сакам да работам каква било работа надвор од државата, затоа што сметам дека каква било работа надвор од Македонија е исто како да работиш овде и зошто да бидеш одделен од пријателите, од семејството и од блиските. Малку е поспецифично кога од сопствениот профил бараш вработување надвор и тоа оди малку потешко, особено за медицинската струка како нашата, треба да помине подолг период за нострификација на дипломи, за собирање на препораки.“
Таа во моментов се интересира за работа во Катар, но вели дека процедурите одат малку потешко.
„Македонија го потпиша договорот за соработка со Катар, но тоа сè уште не значи ништо конкретно за нас, иако тоа се случи пред речиси една година. Во практика ништо не е сменето. Катар бараше да заминат градежни работници и работници за во земјоделие, но и за тие области нема луѓе кои заминале таму. И ако започнете да прашувате, до каде се, кои се конкурсите, ќе се загубите пак во лавиринтот на нашата администрација, бидејќи ниту Министерство за труд и социјала, ниту Агенција за вработување, ниту амбасадата на Катар не знаат до каде се работите.“
Хари Исламовски од Центар Жупа, иако завршил одбранбени и мировни студии, десет години е без работа. И тој како и неговите другари, впрочем и како најголем дел од жителите на Центар Жупа, среќата ќе си ја бара во странство.
„Бев во Италија три пати за да барам работа и планирам таму да заминам. Таму има и многу други кои завршиле факултети и работаат во Италија. Само од мојата генерација во Центар Жупа завршивме десет лица факултети од кои седум се на работа во Италија. Нема друг излез“, вели Хари.
Агенцијата Коузон со години посредува за испраќање на луѓе од Македонија и регионот во странство. На интервјуто во април имале пријавено 370 кандидати за работа на брод, од нив повеќе од 90 проценти го поминале тестот.
„Изминатата година од Македонија за работа на брод како агенција имаме пратено над 1000 кандидати, со тоа што праќаме и на други дестинации и вработуваме и во други области. Оваа година таргетот ни е поставен на 2.500 луѓе. Секоја година бројот на кандидати кои се испраќаат се зголемува“, објаснува Атанас Паланов, менаџер за регрутирање во агенцијата Коузон.
Тие секоја недела одржуваат консултации и презентација на проектите, а на презентациите присуствуваат многу луѓе, вели Паланов.
„Интересот е навистина многу голем, можеби поради начинот на кој работиме и поради можноста за заработка. Платите што ги земаат се навистина високи за македонски стандарди, дури и за најпочетните позиции. Под 1000 долари нема плата на бродовите, со тоа што почетните плати се движат од 1000 до 4000 долари, што за македонски стандарди толку пари чисти тешко каде може да се најдат.“
На интернет страницата на агенцијата тие имаат анкета на прашањето „Дали и каде би работеле во странство?“ Од 3.487 луѓе колку што одговориле на прашањето, близу 40 отсто сакаат да работат во странство, од нив 20 отсто сакаат да работат во САД, а 11 проценти во некоја од земјите во ЕУ, потоа по 9 проценти сакаат во Канада и Австралија.
Како дојде до ваква ситуација?
Но како се доведовме до ситуација толку млади луѓе да сакаат да ја напуштат земјава, го запрашавме социологот Илија Ацески.
„Перспективите за создавање на еден нормален живот во Македонија се многу мали, а тоа го покажуваат и самите статистички податоци кои говорат дека невработеноста е доста висока, дека е заситен пазарот со високо образовани кадри, дека веќе денес за некои професии мора да се чека по 10 години за да се пружи некоја шанса луѓето да се вработат. Тој комплекс од фактори делува на тоа иднината и перспективата да се гледа некаде надвор од Македонија.“
Владата минатата година ја промовираше ревидирана демографска стратегија со која ќе се обиде да го стопира иселувањето на младото население. Досегашната стратегија која беше донесена пред 5 години предвидуваше младото население да се задржи во земјата со економски раст од 6 отсто, но тој не се оствари. Во Стратегијата констатираат дека Македонија до 2030-та година ќе има 28,4 отсто старо население, младото население под 14 години ќе се намали за 14,4 проценти, а секоја година неповратно ќе се иселуваат по 15.000 луѓе. Македонија до 2050 година ќе нема повеќе од 1.746.000 жители.
Доина Болога, директорот на Канцеларијата на Фондот за население на ОН во Македонија при промовирањето на стратегијата заедно со министерот за труд и социјална политика, минатата година, рече дека стареењето на населението е глобален проблем, особено во земјите во Западна Европа. Според Болога, Македонија сè уште има можност да профитира од младото и активно население.
„Земјата е во фаза на демографски прозорец, каде што активното население сè уште е поголемо од пасивното. И ова е можност која не смее да се пропушти и кажува дека со соодветно инвестирање, земјата може да се придвижи кон забрзан развој. Всушност, ова е тајната на азиските економски тигри Кини и Индија“, изјави тогаш Болога.
Над 85 отсто од студентите во повисоките години се изјасниле дека по завршувањето на образованието сакаат да ја напуштат земјата, а дури 29 отсто од високо образованите лица живеат надвор од границите на Македонија. Овие податоци беа повод Министерството за образование и наука да креира нацрт-национална стратегија за намалување на одливот на високо образован кадар и за вмрежување и соработка 2013-2020. Нацрт стратегијата беше промовирана пред 2 месеци. За нејзина имплементација ќе се користат буџетски пари и тоа како што предвидува стратегијата, за оваа година се одвоени 530.000 евра, за идната 1,1 милиони евра и 2,2 милиони за 2015 година.
Консултантот Глигор Стојков вели дека ниските плати, економската нестабилност и неизвесност и малкуте можности за напредок во кариерата ги бркаат младите во странство. А таму ги привлекуваат поголемите плати, подобрите услови за работа и подобро организирана средина. Стратегијата предвидува и враќање во Македонија на оние кои веќе заминале во странство.
„Ќе се преземат дополнителни мерки во оваа насока и мислам дека тоа е одличен момент и најбитно е што тие луѓе сакаат.“
Во нацрт-стратегијата се дефинирани четири приоритети преку кои ќе се намали одливот на мозоци и во спротивна насока ќе се привлечат веќе иселените млади и високо образовани Македонци:
-Создавање интегриран научен систем за управување со завршените кадри;
-Зголемување на атрактивноста на земјава за младите луѓе;
-Привлекување и враќање назад на веќе заминатите високо образовани кадри;
-Поголема соработка со светските универзитети која треба да обезбеди престојот на нашите кадри таму да биде ефективен и за конкретно одреден временски период.
Желбата за враќање назад на оние кои заминале во странство е мала или никаква, а малкутемина кои ќе се вратат се соочуваат со проблеми, вели претседателот на Матицата на иселеници Иван Џо Петрески.
„Многу наш млад свет се гледа надвор од земјата, дури и јас во семејството имам пример, имам три деца, сите три ми отидоа во странство, затоа што не се наоѓаат себе си овде во Македонија. Може да проверите и во други институции и на други места дека малкумина наши луѓе се вратиле тука. Колку иселеници Македонци инвестирале во Македонија? Ние имаме многу богати луѓе во странство, има млади луѓе кои сакаат да створат капитал, да го оплодат. Колку од нив се вратиле тука? Никој.“
Професор Ацески вели дека владините политики се добри, но дека за да се почувствуваат резултати од нив е потребно време, а луѓето веќе немаат трпение.
„Ако за кратко време не покажат резултати тие проекти, тогаш тие ќе изгубат од значење, како што и многу други проекти изгубиле од значење. Тоа се помалку или повеќе проекти кое бараат помалку или повеќе време, некои бараат 2-3 години, 5 години, да покажат некаков резултат, но јас не сум убеден лично и не знам колку некој би чекал толку време за да се покаже некаков резултат во тој поглед.“
Но, не сме саде ние и не сме саде тука. Луѓето низ целиот свет се решаваат да го напуштат местото во кое живееле. Според истражувањата на Галуп, 600-700 милиони луѓе, односно една десеттина од светското население годишно сакаат да ги напуштат државите во кои живеат. Најпосакувани земји каде сакат да мигрираат се Соединетите Држави, каде сакаат да заминат 23 отсто од луѓето што сакаат да мигрираат, потоа на второ место се Канада и Велика Британија каде сакаат да заминат по 7 проценти.
Три години по ред доаѓам во Грција на работа, од финансиски причини пред сè. Парите што ги заработувам летно време обично ми се доста преку цела година. Одам пред сè заради пари, инаку и во Скопје може да се најде работа, но далеку помалку платена.Бошко Заовски, сезонски работник во Грција.
Јас не сакам да работам каква било работа надвор од државата, затоа што сметам дека каква било работа надвор од Македонија е исто како да работиш овде и зошто да бидеш одделен од пријателите, од семејството и од блиските. Малку е поспецифично кога од сопствениот профил бараш вработување надвор и тоа оди малку потешко, особено за медицинската струка како нашата, треба да помине подолг период за нострификација на дипломи, за собирање на препораки.Даниела Јовановска, медицинска сестра.
Владимир Калински, дипломиран новинар, минатото лето си ја испроба среќата во Канада.
„Решив да ја посетам земјата, бидејќи ми се отвори добра можност да го усовршам јазикот и да го посетам мојот пријател кој веќе 5 години е во Торонто. Но сакав да ги разгледам и можностите за евентуално вработување во област на мојата професија. Три месеци ја посетував школата за англиски, разгледав неколку можности и се вратив во Скопје. Доколку во меѓувреме се отвори некоја поконкретна можност за мое вработување, би се вратил повторно во Торонто.“
Бев во Италија три пати за да барам работа и планирам таму да заминам. Таму има и многу други кои завршиле факултети и работаат во Италија. Само од мојата генерација во Центар Жупа завршивме десет лица факултети од кои седум се на работа во Италија. Нема друг излез.Хари Исламовски, граѓанин од Центар Жупа.
Но да се снајде млад човек во Канада, не е толку лесно како што изгледа на прв поглед, вели Владимир.
„Да се отиде како турист, можностите за останување се или повторно да побарате виза како турист или да аплицирате за некоја од другите визи, како на пример онаа за постојан престој која луѓето најчесто ја бараат. Таа виза се добива или ако најдете постојано вработување или доколку најдете брачен партнер. Од она што го велат луѓето со кои јас разговарав и ги запознав таму, велат за да се снајдеш и да застанеш добро на нозе од финансиски аспект, потребни се од прилика 3-5 години.“
Неговиот домаќин, кој веќе 5 годни е таму, успевал сите тие години да ја продолжува туристичката виза, за на крај да добие постојан престој благодарение на работодавачот кој му понудил гаранција.
Бошко Заовски студира физика и летниот период веќе неколку годни го користи за работа во странство.
„Три години по ред доаѓам во Грција на работа, од финансиски причини пред сè. Парите што ги заработувам летно време обично ми се доста преку цела година. Одам пред сè заради пари, инаку и во Скопје може да се најде работа, но далеку помалку платена.“
Изминатата година од Македонија за работа на брод како агенција имаме пратено над 1000 кандидати, со тоа што праќаме и на други дестинации и вработуваме и во други области. Оваа година таргетот ни е поставен на 2.500 луѓе. Секоја година бројот на кандидати кои се испраќаат се зголемува.Атанас Паланов, менаџер за регрутирање во агенцијата Коузон.
„Нема некоја голема побарувачка, повеќето од луѓето наоѓаат работа, но има и доста кои се враќаат.“
Но, не секогаш немањето работа во земјава е предуслов некој да сака да ја напушти. Даниела Јовановска работи како медицинска сестра, но веќе неколку годни интензивно разгледува опции да ја напушти земјата. Вели дека во земјава нема доволно добри услови за некој да се афирмира професионално. Постојат можности, но сите се на некое ниво, само што си почнал си застанал и стоиш така до пензија, вели Јовановска.
Перспективите за создавање на еден нормален живот во Македонија се многу мали, а тоа го покажуваат и самите статистички податоци кои говорат дека невработеноста е доста висока, дека е заситен пазарот со високо образовани кадри, дека веќе денес за некои професии мора да се чека по 10 години за да се пружи некоја шанса луѓето да се вработат. Тој комплекс од фактори делува на тоа иднината и перспективата да се гледа некаде надвор од Македонија.Илија Ацески, социолог.
„Јас не сакам да работам каква било работа надвор од државата, затоа што сметам дека каква било работа надвор од Македонија е исто како да работиш овде и зошто да бидеш одделен од пријателите, од семејството и од блиските. Малку е поспецифично кога од сопствениот профил бараш вработување надвор и тоа оди малку потешко, особено за медицинската струка како нашата, треба да помине подолг период за нострификација на дипломи, за собирање на препораки.“
Таа во моментов се интересира за работа во Катар, но вели дека процедурите одат малку потешко.
„Македонија го потпиша договорот за соработка со Катар, но тоа сè уште не значи ништо конкретно за нас, иако тоа се случи пред речиси една година. Во практика ништо не е сменето. Катар бараше да заминат градежни работници и работници за во земјоделие, но и за тие области нема луѓе кои заминале таму. И ако започнете да прашувате, до каде се, кои се конкурсите, ќе се загубите пак во лавиринтот на нашата администрација, бидејќи ниту Министерство за труд и социјала, ниту Агенција за вработување, ниту амбасадата на Катар не знаат до каде се работите.“
Земјата е во фаза на демографски прозорец, каде што активното население сè уште е поголемо од пасивното. И ова е можност која не смее да се пропушти и кажува дека со соодветно инвестирање, земјата може да се придвижи кон забрзан развој. Всушност, ова е тајната на азиските економски тигри Кини и Индија.Доина Болога, директор на Канцеларијата на Фондот за население на ОН во Македонија.
„Бев во Италија три пати за да барам работа и планирам таму да заминам. Таму има и многу други кои завршиле факултети и работаат во Италија. Само од мојата генерација во Центар Жупа завршивме десет лица факултети од кои седум се на работа во Италија. Нема друг излез“, вели Хари.
Агенцијата Коузон со години посредува за испраќање на луѓе од Македонија и регионот во странство. На интервјуто во април имале пријавено 370 кандидати за работа на брод, од нив повеќе од 90 проценти го поминале тестот.
„Изминатата година од Македонија за работа на брод како агенција имаме пратено над 1000 кандидати, со тоа што праќаме и на други дестинации и вработуваме и во други области. Оваа година таргетот ни е поставен на 2.500 луѓе. Секоја година бројот на кандидати кои се испраќаат се зголемува“, објаснува Атанас Паланов, менаџер за регрутирање во агенцијата Коузон.
Тие секоја недела одржуваат консултации и презентација на проектите, а на презентациите присуствуваат многу луѓе, вели Паланов.
Многу наш млад свет се гледа надвор од земјата, дури и јас во семејството имам пример, имам три деца, сите три ми отидоа во странство, затоа што не се наоѓаат себе си овде во Македонија. Може да проверите и во други институции и на други места дека малкумина наши луѓе се вратиле тука. Колку иселеници Македонци инвестирале во Македонија? Ние имаме многу богати луѓе во странство, има млади луѓе кои сакаат да створат капитал, да го оплодат. Колку од нив се вратиле тука? Никој.Иван Џо Петрески, претседател на Матица на иселеници.