Вработените во Билјанини Извори штрајкуваат за плата

Градскиот стадион во Охрид.

Штрајкувачкиот одбор на новиот в.д. директор на претпријатието ќе му даде рок од 15 дена да ги исполни барањата на вработените, а во меѓувреме секој ден точно на пладне ќе организира мирен протест пред спортската сала во Охрид.
Четирите заостанати плати и неисплатените придонеси за пензиско и здравствено осигурување си ги бараат педесетината вработени во Јавното претпријатие Билјанини Извори од Охрид. Јавното претпријатие кое стопанисува со спортските терени во градот и со спортската сала каде редовно на подготовки доаѓаат спортски екипи од соседните држави и од Македонија е во незавидна состојба.
Ситуацијата е крајно драматична, бидејќи луѓето се соочуваат со егзистенцијални проблеми, немаат сини картони за здравствена заштита. Никогаш вработените не биле поединствени во однос на решавањето на овие проблеми.
Зоран Стевоски, претседател на Синдикатот во ЈП Билјанини Извори.

Штрајкувачкиот одбор кој беше формиран на новиот в.д. директор на претпријатието ќе му даде рок од 15 дена да ги исполни барањата на вработените, а во меѓувреме секој ден точно на пладне ќе организираат мирен протест пред спортската сала. Зоран Стевоски, претседател на Синдикатот во Билјанини Извори вели:

Спортска сала Билјанини Извори во Охрид.


„Барањата се исплата на две плати до 15 мај и исплата на уште една заостаната плата до крај на месецот до 28 мај. Бараме во текот на овој месец да ни бидат исплатени три плати“, вели Стевоски.
Финансиската состојба и таму е катастрофално лоша. Јас обавив средба со неколку директори на јавни претпријатија се информирав за состојбата таму. Без исклучок сите пливаат во долгови, кај некои многу големи, кај некои има средни задолжувања, а кај некои помало задолжување.
Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

Тој посочува дека состојбата во претпријатието била драматична, затоа што вработените без пари останале за првомајските и за велигденските празници.

„Ситуацијата е крајно драматична, бидејќи луѓето се соочуваат со егзистенцијални проблеми, немаат сини картони за здравствена заштита. Никогаш вработените не биле поединствени во однос на решавањето на овие проблеми“, вели Стевоски.

Тој посочува дека барањата биле доставени и до новите градски власти во Охрид, од каде засега не добиле одговор. И градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески признава дека состојбата во јавните претпријатија во Охрид била лоша.

„Финансиската состојба и таму е катастрофално лоша. Јас обавив средба со неколку директори на јавни претпријатија се информирав за состојбата таму. Без исклучок сите пливаат во долгови, кај некои многу големи, кај некои има средни задолжувања, а кај некои помало задолжување. Но сите имаат долгови, блокирани сметки, а некои имаат и имоти под хипотека кои се пред извршување. Затоа ние вината во добар дел ја гледаме во неадекватното менаџирање со тие јавни претпријатија“, вели Бакрачески.

Од идните менаџери со јавните претпријатија во градот ќе барам максимална посветеност во санација на состојбите таму, вели Бакрачески.

Долгот на Билјанини Извори се проценува на околу 10 милиони денари.