Хелсиншкиот комитет за човекови права и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници„ најостро ја осудуваат изјавата на Митрополитот Петар, преку која е повредена рамноправноста на жената и правото на избор да биде мајка и сопруга.
Според нив, со изјавата се крши Уставот во кој е утврдено дека граѓаните на Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, како и одредбите од Законот за спречување и заштита од дискриминација и одредбите од Законот за еднакви можности на мажите и жените.
Во соопштението е наведено дека се повредува и секуларноста на државата од црквата. Митрополитот Петар како причина за зголемениот број разводи во 2012 година ги посочи жените, наведувајќи дека не сакале да прифатат дека главата во куќата е мажот.