Во последните три години законот за работни односи е сменет осум пати. Промените им донесоа пократки одмори на работниците, повисоки казни за синдикатите, а пониски за газдите.
Има многу повеќе причини за протестирање на Први мај, отколку за славење, велат работниците и активистите за работнички права. Граѓаните велат дека зборот работник одамна не звучи гордо.
„Дали работниците се горди, значи не, затоа да прекинеме со муабети и да тргнеме на дело.“
„Се злоупотребува работникот и од страна на правосудството и на државата. Законите се само на хартија.“
„Системот е робовладетелски, не е демократски, работникот не смее да се побуни, никој не му излегува во пресрет, а и да се оди на суд, тоа се многу трошоци кои вработените не можат да си ги дозволат оти имаат мали примања“, велат работниците.
Во последните три години законот за работни односи е сменет осум пати, односно од вкупно 280 членови се променети 103, што претставува повеќе од 37 отсто од целиот закон.
Професор Здравко Савески, активист во Левичарското движење Солидарност, вели дека законите свесно се менуваат за да се збунат луѓето и на крај да не знаат што им се крати или што им се дава како право. Тие промени донесоа и нешто позитивно, вели тој, но сепак поголем број од измените се на штета на работниците.
„Целата ситуација не се влошува преку еден ден на сите сфери, туку малку ќе се потскрати овде, малку онде и во краток временски период може да се чини дека кратењето е мало, но ако се оди на поголем временски период и ако ги излистате барањата ќе видите колку се повеќе и повеќе се кратат работничките права.“
Промените им донесоа пократки одмори на работниците, повисоки казни за синдикатите, а пониски за газдите. Работничките веќе во интервју за работа нема да се прашуваат дали ќе раѓаат деца, но истовремено се донесе измена работничките кои имаат проблематична бременост да примаат само 70 отсто од плата. Повозрасните работници ќе можат ако се „согласуваат“ да работат прекувремено, а намалени се и можностите за организирање штрајк.
Димитар Апасиев од движењето на социјална правда Ленка, вели дека правно гледано синдикатот како никогаш досега е признат, но теренски е многу слаб. Ако во првиот закон за синдикалното организирање имало 2-3 члена, во вториот малку повеќе, во последниот закон на ова прашање се посветени 5 страни текст, односно околу 20 члена.
„Во Република Македонија од околу 65 илјади регистрирани компании, само во едвај 2.000 имате регистрирани синдикални келии. Од околу 650 илјади вработени, вие имате 160 илјади членови на синдикати, што значи дека околу половина милион од македонските работници не се членови на синдикат.“
Според Апасиев, тоа што синдикатите немаат членство, значи дека немаат ни пари, а тоа ги води кон нивна институнализација.
„Значи бараат пари преку грантови, од работодавачи, од држава, од фондации, од партии итн. Кога вие немате пари да си ги финансирате своите акции логично е од оној од кој ќе побарате пари да негувате едно клиентелистичко однесување во иднина и тоа ги атомизира и прави нивните акции да се зачаурени во нивниот круг без елементарна солидарност со синдикалното движење во целина.“
Колку е можна вистинска борба за работнички права во услови на невработеност од над 30 отсто и кога, според истражувањата на невладините организации, на прво вработување се чека во просек од 7 до 9 години, со што невработените се доведени во ситуација „дај што ќе дадеш само да се вработам“. Одговараат Димитар Апасиев од Движењето за социјална правда Ленка и Здравко Савески од Левичарското движење Солидарност.
ССМ со години наназад за денот на работниците не организира протести кои се добро препознатлив знак за европските земји. Од таму велат дека проблемите на работниците ги решаваат преку социјален дијалог. И овој Први мај тие улиците ги заменија со прес-конференција, овојпат за промовирање на локални економско – социјални совети.
Вчера пак новинарскиот синдикат, Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани, Синдикатот на македонската дипломатска служба и Самостојниот синдикат на клиничките центри потпишаа повелба со која меѓу другото заеднички се спротивставуваат на растечките негативни трендови на намалување и укинување на постоечките работнички права.
Системот е робовладетелски, не е демократски, работникот не смее да се побуни, никој не му излегува во пресрет, а и да се оди на суд, тоа се многу трошоци кои вработените не можат да си ги дозволат оти имаат мали примања.Анкетиран граѓанин.
„Дали работниците се горди, значи не, затоа да прекинеме со муабети и да тргнеме на дело.“
„Се злоупотребува работникот и од страна на правосудството и на државата. Законите се само на хартија.“
„Системот е робовладетелски, не е демократски, работникот не смее да се побуни, никој не му излегува во пресрет, а и да се оди на суд, тоа се многу трошоци кои вработените не можат да си ги дозволат оти имаат мали примања“, велат работниците.
Во последните три години законот за работни односи е сменет осум пати, односно од вкупно 280 членови се променети 103, што претставува повеќе од 37 отсто од целиот закон.
Целата ситуација не се влошува преку еден ден на сите сфери, туку малку ќе се потскрати овде, малку онде и во краток временски период може да се чини дека кратењето е мало, но ако се оди на поголем временски период и ако ги излистате барањата ќе видите колку се повеќе и повеќе се кратат работничките права.Здраво Савески, Левичарско движење Солидарност.
Професор Здравко Савески, активист во Левичарското движење Солидарност, вели дека законите свесно се менуваат за да се збунат луѓето и на крај да не знаат што им се крати или што им се дава како право. Тие промени донесоа и нешто позитивно, вели тој, но сепак поголем број од измените се на штета на работниците.
„Целата ситуација не се влошува преку еден ден на сите сфери, туку малку ќе се потскрати овде, малку онде и во краток временски период може да се чини дека кратењето е мало, но ако се оди на поголем временски период и ако ги излистате барањата ќе видите колку се повеќе и повеќе се кратат работничките права.“
Промените им донесоа пократки одмори на работниците, повисоки казни за синдикатите, а пониски за газдите. Работничките веќе во интервју за работа нема да се прашуваат дали ќе раѓаат деца, но истовремено се донесе измена работничките кои имаат проблематична бременост да примаат само 70 отсто од плата. Повозрасните работници ќе можат ако се „согласуваат“ да работат прекувремено, а намалени се и можностите за организирање штрајк.
Кога вие немате пари да си ги финансирате своите акции логично е од оној од кој ќе побарате пари да негувате едно клиентелистичко однесување во иднина.Димитар Апасиев, Движење за социјална правда Ленка.
Димитар Апасиев од движењето на социјална правда Ленка, вели дека правно гледано синдикатот како никогаш досега е признат, но теренски е многу слаб. Ако во првиот закон за синдикалното организирање имало 2-3 члена, во вториот малку повеќе, во последниот закон на ова прашање се посветени 5 страни текст, односно околу 20 члена.
„Во Република Македонија од околу 65 илјади регистрирани компании, само во едвај 2.000 имате регистрирани синдикални келии. Од околу 650 илјади вработени, вие имате 160 илјади членови на синдикати, што значи дека околу половина милион од македонските работници не се членови на синдикат.“
Според Апасиев, тоа што синдикатите немаат членство, значи дека немаат ни пари, а тоа ги води кон нивна институнализација.
„Значи бараат пари преку грантови, од работодавачи, од држава, од фондации, од партии итн. Кога вие немате пари да си ги финансирате своите акции логично е од оној од кој ќе побарате пари да негувате едно клиентелистичко однесување во иднина и тоа ги атомизира и прави нивните акции да се зачаурени во нивниот круг без елементарна солидарност со синдикалното движење во целина.“
Колку е можна вистинска борба за работнички права во услови на невработеност од над 30 отсто и кога, според истражувањата на невладините организации, на прво вработување се чека во просек од 7 до 9 години, со што невработените се доведени во ситуација „дај што ќе дадеш само да се вработам“. Одговараат Димитар Апасиев од Движењето за социјална правда Ленка и Здравко Савески од Левичарското движење Солидарност.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5