Отчетот на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и на поранешниот градоначалник на општина Центар Владимир Тодоровиќ го врати проектот Скопје 2014 на насловните страници на весниците.
Изборите завршија, нема предизборна кампања и партиски препукувања - до следните избори, медиумите речиси и да нема за што да информираат. Се извинувам, имаше деновиве мала закачка околу цената на чинењето на проектот Скопје 2014.
Дневник информира од пресот на министерката за култура дека проектот не чинел милијарда, како што тврдела опозицијата, туку „само“ 207 милиони евра. Иако Канческа-Милевска изгледа заборави дека премиерот на една собраниска седница тврдеше дека градбите и спомениците нема да чинат повеќе од 80 милиони евра. Вечер извикува: „Скопје 2014 е радост!“, а Нова Македонија ја пренесува државната МИА која го објави соопштението од Советот за култура на СДСМ во кое се вели дека отчетот на Канческа-Милевска и Тодоровиќ е „глумење отчетност и замајување на јавноста“.
Утрински го пренесува ветувањето на новиот градоначалник на Центар, Жерновски, дека „Ревизорска куќа ќе го има последниот збор“.
Додека пците лаат, карванот си врви: Вечер и Утрински објавија дека почнува реконструкцијата на фасадата на зградата на Владата, а дневниот Капитал пишува дека тоа ќе чини нови 9 милиони и 300 илјади евра. И ќе биде барокна, нели.
Инаку, Утрински забележува дека „Комплетната политичка елита е на службен пат во странство“ - тројцата први луѓе во државава, Иванов, Груевски и Вељаноски, водат според привлечноста на дестинациите - Канада, Бразил, Аргентина, Мексико и Кипар. Во одвоен коментар, Утрински наведува дека патувањата чинеле половина милион евра!
По најновиот извештај за состојбите со човековите права во Македонија, САД ни се нов непријател, барем според провладините медиуми: „Да е Јосип Броз Тито жив ќе останеше без леб“ и „За иста работа Брисел нè фали, Вашингтон нè критикува - насловува Дневник. Реакцијата на Нова Македонија е од обратен агол: „И Америка има свои политички затвореници“ - гласи насловот на текстот во кој, покрај другото се вели дека „од друга страна, американските дипломати коментираат за други земји дека имаат политички затвореници“. Утрински оди со наслов: „Опомена од Стејт департментот - нема област што не е допрена со забелешки, а има системски критики за судството и за медиумите“.
Дневник ги актуелизира амнестираните од парламентот злосторства на ОНА за време на конфликтот во 2001-та: весникот открива дека за овие злосторства можело да се суди во Стокхолм, зашто Шведска била единствената европска држава во чие национално законодавство постои одредба со која може да се суди за воени злосторства сторени надвор од нејзината територија и од странски државјани.
Комплетната политичка елита е на службен пат во странство.Утрински весник.
За иста работа Брисел нè фали, Вашингтон нè критикува.Дневник.