Со прикажувањето на претставата „Изгубени Германци“ од Дејан Дуковски, во режија на Слободан Унковски, утревечер во 20 часот, во Центарот за култура во Битола, ќе започне 15-то јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама. До 28 овој месец, на пет сцени во градот, ќе бидат прикажани остварувања на актери од осум различни држави -Словенија, Романија, Србија, Шведска, Украина, Тунис и од Македонија.
Битола во наредниве пет дена ќе ја слави уметноста и неговото величество актерот. На 15-от јубилејен Интернационален фестивал на монодрама ќе настапат словенечката актерка Олга Град со „Случајот на Инга М“, Романката Луминица Борца со „10 прашања“, Страхиња Бојовиќ од Србија со своето видување на „Посетител“, Швеѓанецот Елијас Фајнгерш ќе ја изведе „Саундтрекот на мојот живот“, од Украина ќе гостува Марина Куклина со „Шоша“, а од Литванија во конкуренција за награда ќе биде Видмантас Фијалкаускас со „Смеење во темнината“. По прв пат на фестивалот публиката ќе има можност да проследи и монодрами на актери од Тунис и од Израел. Мехер Авахри ќе ја изведе претставата „Сизиф“, а Хауард Рип ќе го претстави „Гимпел Лудиот“.
„Претставите се движат од еден Гогољ, преку Брехт, Сингер, Набоков и се така до Хајнрих Милер, но сепак мислам дека главната улога при изборот ја играше актерот, всушност специфичноста и автентичноста на секој актерски израз. Исто така не ги запоставив ни другите сегменти што ја прават една театарска претстава како светлото, дизајнот, костимографијата, сценографијата“, истакнува Петар Мирчевски, бард на македонското глумиште и селектор на програмата на 15-от Интернационалниот фестивал на монодрама.
На манифестацијата ќе бидат прикажани и две монодрами од Македонија со што Фестивалот и во оваа пригода ја крепи својата заложба за продукција на дадениот
театарски израз и кај нас токму во времево кога се помалку актери се решаваат да се фатат во костец со најтешкиот драмски жанр за поставување на сцена. Имено, љубителите на театарот ќе имаат можност да ги проследат самостојниот проект на актерката Билјана Танески со „Дневникот на лудиот“ во режија на Небојша Тодоровски, а Македонскиот народен театар ќе ја претстави својата нова премиера – монодрамата „Приказна за пијанистот на океанот“, работена според текстот на славниот италијански писател Алесандро Барико, во изведба и режија на Владимир Јачев.
„Тоа е еден текст кој се занимава со суштински работи кои помалку или повеќе го окупираат вниманието на современиот човек – темата околу бескрајот на животот, бескрајот на музиката. Работи за кои фактички секој од нас барем еднаш во животот помислил. Можеби не онака свесно, можеби во најинтимните делови од денот, во оние периоди, во оние моменти кога човек дефинитивно не е свесен за големината на самата тема“, вели Јачев.
Тој дополнува дека не му прв пат монодрамски да се изразува иако фактички нему ова како на актер му е прва монодрама во неговата професионална кариера.
Борче Димитровски, пак, директорот на НУ Центар за култура Битола, организаторот на оваа манифестација, истакнува дека Фестивалот, како член на Интернационалниот театарски институт на монодрамски фестивали при УНЕСКО, во изминатата деценија и половина ја исполнува својата мисија како значајно меѓународно културно случување на кое досега се претставиле 30-на држави од светот со над 120 монодрамски проекти. Тој дополнува дека овој фестивал е најстар во регионот по што уследил трендот на слични вакви настани во соседните земји како Србија, Грција и Бугарија.
„Станува збор за една традиција, за еден Фестивал кој што на на едно високо ниво ја промовира театарската уметност и пред се тој специфичен жанр – монодрамата. Основната девиза и идеја на манифестацијата од година во година се исполнува – а тоа е презентирање на навистина квалитетни монодрами од Европа и од светот, но и на стимулирање на македонската монодрамска продукција. “
Инаку, меѓународното жири што ќе ја додели наградата Гран-при го сочинуваат бардот Мето Јовановски како претседател, Соња Михајлова од Битолскиот театар, Украинката Нина Мазур, Марчин Боткиевич од Полска и рускиот режисер Вјачеслав Терешченко.
На манифестацијата ќе се случи и промоцијата на книгата „Мите – сцена живот...“ од Борче Грозданов, а вон конкуренција ќе бидат прикажани претставите „малограѓанска свадба“ на Народниот театар од Охрид, „Љубовникот“ на студентите од Универзитетот ЕСРА и „Женидба“ на Театар Комедија од Скопје.
Претставите се движат од еден Гогољ, преку Брехт, Сингер, Набоков и се така до Хајнрих Милер, но сепак мислам дека главната улога при изборот ја играше актерот, всушност специфичноста и автентичноста на секој актерски израз.Петар Мирчевски,актер и селектор на програмата на фестивал на монодрама.
„Претставите се движат од еден Гогољ, преку Брехт, Сингер, Набоков и се така до Хајнрих Милер, но сепак мислам дека главната улога при изборот ја играше актерот, всушност специфичноста и автентичноста на секој актерски израз. Исто така не ги запоставив ни другите сегменти што ја прават една театарска претстава како светлото, дизајнот, костимографијата, сценографијата“, истакнува Петар Мирчевски, бард на македонското глумиште и селектор на програмата на 15-от Интернационалниот фестивал на монодрама.
Тоа е еден текст кој се занимава со суштински работи кои помалку или повеќе го окупираат вниманието на современиот човек – темата околу бескрајот на животот, бескрајот на музиката. Работи за кои фактички секој од нас барем еднаш во животот помислил.Владимир Јачев, актер.
„Тоа е еден текст кој се занимава со суштински работи кои помалку или повеќе го окупираат вниманието на современиот човек – темата околу бескрајот на животот, бескрајот на музиката. Работи за кои фактички секој од нас барем еднаш во животот помислил. Можеби не онака свесно, можеби во најинтимните делови од денот, во оние периоди, во оние моменти кога човек дефинитивно не е свесен за големината на самата тема“, вели Јачев.
Станува збор за една традиција, за еден Фестивал кој што на на едно високо ниво ја промовира театарската уметност и пред се тој специфичен жанр – монодрамата.Борче Димитровски, Центар за култура Битола.