Голема потрага по вториот осомничен во Бостон

На сите жители на Бостон им било наредено да останат во своите домови, бидејќи била во тек голема потрага по 19 годишниот Џохар Царнаев кој е осомничен за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон во понеделникот. Полицијата соопшти дека неговиот брат Тамерлан, кој исто така е осомничен за нападот, бил убиен во денешната престрелка со полицијата. Американските медиуми јавуваат дека тие дошле од Северен Кавказ. Според полицијата, тие биле одговорни и за денешното убиство на еден полицаец во Технолошкиот институт на Масачусетс во Кембриџ недалеку од Бостон. ФБИ синоќа објави фотографии на двајцата осомничени кои биле сликани во близина на местото на нападот кога загинаа три лица, а над 170 беа ранети.