Продолжува серијата на камерни концертни настапи на современите македонски музичари во кино „Фросина“. Утревечер од 21 часот, на оваа сцена во МКЦ е планирано да се случи промоцијата на петтиот албум „АЕИОУ“ на групата ЛА КОЛОНИ ВОЛВОКС, која во изминатава нецела се стекна со статус на неуморен вкрстувач на традицијата, философијата и современието на нашава субкултурна сцена.
Основната идеја е да се направи звуковно патешествие како рефлексија на нашето музичко-поетско- историско истражување од последниве три години – вели Сашо Гигов Гиш во предвечерието на промотивниот концерт на неговиот состав ЛА КОЛОНИ ВОЛВОКС во киното „Фросина“, во МКЦ во Скопје. На овој перформанс во средишниот дел ќе биде нивниот петти албум „АЕИОУ“ што беше обнароден во септември минатата година за „Егоист рекордс“ и на кој европското музичко наследство, рокенрол културата и суфи музиката се вкрстуваат со македонската вокална и инструментална традиција.
„Тоа се вика „виа-сакра алтернатива“ или тајниот пат по кој што одела Тајната книга и каде што се правеле оние богомилски или катарски општини во кој што доаѓала до израз реформацијата и сето тоа придружено со музиката на трубадурите, на минезенгерите, на нашите чалгии, прикаската која што се движи од Македонија до Франција. Песните се пеани на седум-осум различни јазици и третираат една иста или слична тема, универзалната тема а тоа е љубовта и спојувањето на народите, на традициите, преку поединците. Значи спојувањето на колективите преку поединците, а не спојувањето на поединците преку колективите. Тука се случува прослава на заедничарењето преку музиката и преку патувањата.“
Покрај албумот на овој настап ЛА КОЛОНИ ВОЛВОКС ќе ги промовираат и видео клипот за насловната песна што го режираше Гоце Цветановски, а е базиран на филмот „Тајната книга“ на Владо Цветановски и оној за „Фин амор“ што е дело на продуцентска куќа „Community Pictures“, а чиј комплетен автор е Дарко Антоновски. Згора на тоа ќе биде претставена и вокалистката Калина Велковска, која на Гиш, Предраг Икономовски , Кристијан
Евго, Драган Стојковски , Ненад Неделков и Гоце Наумов им се придружи на концертот што бендот го одржа во Марибор, Словенија.
Се разбира, на оваа своја нова средба со публиката македонските музичари ќе го сторат и посегањето по одбраните моменти забележани и на нивните претходни четири објави - „Abstractology“ (2006, SJF Records), „Wasteland“ (2006, SJF Records), „Europa“ (2009, EGoEast Records) и „East West And Rest“ (2010, EGoEast Records), на кои се движат по траекторијата на која се
испреплетуваат традиционалната музика, преку амбиентот до фри-џезот.
„Успеавме преку овие пет албуми да дојдеме до ослободување од консонантата и од дисонантата и до влегување во една вокална линија, односно една универзална мантра на слободните вокали, на слободните радикали на духот за да може на некој начин да се урамнотежиме и да видиме дека секаде е исто. Обидувајќи се да ги споиме Истокот и Западот, станавме и Запад и Исток и Центар и Север и Југ и тоа е некаков чуден циркулационализам, но лишен од било каков тип на национализам.“
Околу проекциите за натамошното делување на ЛА КОЛОНИ ВОЛВОКС, Сашо Гигов Гиш вели дека сега се исправени пред потребата да тргнат по европските друмовите и таму да видат како ќе прозвучи овој материјал зад кој тие стамено стојат подолг временски период.
„За 25 мај е планиран еден концерт во Париз, во просториите на Универзитетот ЕСРА како завршеток на еден фестивал за Источноевропски филм на кој ќе учествуваат земјите од Балканот и од Источна Европа и каде присутните ќе си ги препознаат деловите од својот сопствен фолклор стилизирани низ наш ракурс и конечно би сакал да посвириме по некој фестивали низ Европа, но до кои тешко се доаѓа само со контакт преку интернет. “
Песните се пеани на седум-осум различни јазици и третираат една иста или слична тема, универзалната тема а тоа е љубовта и спојувањето на народите, на традициите, преку поединците. Значи спојувањето на колективите преку поединците, а не спојувањето на поединците преку колективите. Тука се случува прослава на заедничарењето преку музиката и преку патувањата.Сашо Гигов Гиш, уметник.
„Тоа се вика „виа-сакра алтернатива“ или тајниот пат по кој што одела Тајната книга и каде што се правеле оние богомилски или катарски општини во кој што доаѓала до израз реформацијата и сето тоа придружено со музиката на трубадурите, на минезенгерите, на нашите чалгии, прикаската која што се движи од Македонија до Франција. Песните се пеани на седум-осум различни јазици и третираат една иста или слична тема, универзалната тема а тоа е љубовта и спојувањето на народите, на традициите, преку поединците. Значи спојувањето на колективите преку поединците, а не спојувањето на поединците преку колективите. Тука се случува прослава на заедничарењето преку музиката и преку патувањата.“
Покрај албумот на овој настап ЛА КОЛОНИ ВОЛВОКС ќе ги промовираат и видео клипот за насловната песна што го режираше Гоце Цветановски, а е базиран на филмот „Тајната книга“ на Владо Цветановски и оној за „Фин амор“ што е дело на продуцентска куќа „Community Pictures“, а чиј комплетен автор е Дарко Антоновски. Згора на тоа ќе биде претставена и вокалистката Калина Велковска, која на Гиш, Предраг Икономовски , Кристијан
Обидувајќи се да ги споиме Истокот и Западот, станавме и Запад и Исток и Центар и Север и Југ и тоа е некаков чуден циркулационализам, но лишен од било каков тип на национализам.Сашо Гигов Гиш, уметник.