Луначек очекува компромис меѓу Белград и Приштина

Известувачот за Косово во ЕП Урлике Луначек оцени денеска дека Белград и Приштина се блиску до постигнување компромис за нормализирање на односите. Луначек на прес конференција заедно со известувачот за Србија Јелко Кацин истакна дека би било штета двете земји да не се догворат кога се толку блиску до целта.
Кацин изјави дека верува дека денеска се затвара едно поглавје на Балканот. Тие се обратија пред почетокот на расправата во ЕП за резолуцијата за Србија и Косово.