Почна нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина

Хашим Тачи, Брисел, 17.04.2013

Во Брисел започна новата рунда преговори за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Шефицата за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Кетрин Ештон најнапред има одвоени разговори со српскиот премиер Ивица Дачиќ, а потоа и со премиерот на Косово, Хашим Тачи, по што е превиден и заеднички состанок. До оваа рунда ненајавени преговори доаѓа откако вчера Европската комисија го одложи објавувањето на пролетниот извештај за напредокот на Србија и на Косово кон Европската Унија, со цел да се се направи уште еден обид за компромис меѓу Белград и Приштина. Косовскиот премиер Хашим Тачи, денеска во Брисел изјави дека Пришитна е заинтересирана за заборавање на минатото и за придвижување напред кон добро-соседски односи и мир во регионот.