Киелце е фаворит, но Металург има сили за надминување на најголемиот меѓународен успех на македонскиот машки клупски ракомет, убедени се во тимот.
Киелце е фаворит, но Металург има сили за надминување на најголемиот меѓународен успех на македонскиот машки клупски ракомет. Со вакво убедување, нашиот ракометен првак Металург го очекува претстојниот четвртфинален двомеч од Лигата на шампионите, со полскиот Киелце (првиот дуел е в недела во Скопје, а реваншот на 28-ми април во Полска).
На хартија, противникот е во предност, и поради повисокиот рејтинг на клубот со неколкукратно поголем буџет, но и благодарение на минималните победи во меѓусебните средби од годинашната групна фаза во најквалитетното европско клупско ракометно натпреварување. Но, токму рамноправната игра во тие дуели, кај металурзите ги подгрева надежите дека може да постигнат нов, историски подвиг, а капитенот Ванчо Димовски изјавува
:
„Нормално шансата е тука, ни се пружа и секако дека секој сака да ја искористи. Ние ќе направиме се да се игра на еден фајнал - фор. Видовме дека може да играме против екипа од ранг на Киелце. Два пати сами се поразивме со тие некои технички грешки. Ќе направиме се, ќе се подготвиме добро, предавање нема, мора да одиме на тие два натпревари на фул сите 120 минути, па подобриот нека победи“.
Според Димовски, за Металург е поволност што сите го сметаат за аутсајдер, а тоа пак создава притисок кај Киелце. Во прилог ни оди и тоа што првиот дуел в недела се игра во Скопје, каде што со поддршка од публиката, имаме реални шанси да обезбедиме предност пред реваншот во Полска. Сепак, најзначајно е да се даде максимум на теренот, каде што, покрај гранитната одбрана, која досега прими најмалку голови од сите учесници во Лигата на шампионите, ќе треба да профункционира и нападот.
„Наша цел е да бидеме максимално концентрирани, борбеност и желба да покажеме дека сме посилни на тој натпревар и да ја подобриме таа игра во нападот, за разлика од оние поминати два натпревари. Одбраната беше на висината на задачата, на два натпревари 44 гола примивме, а тие даваат во просек по 30-35 на секој друг натпревар. Се надевам дека ќе биде повторно така, значи тука да задржиме и да дигнеме кај нас во напад, мислам дека имаме реални шанси“, додаде Димовски.
Ракометен спектакл, голема борба и поволен епилог, очекуваат и љубителите на спортот.
„Има реални изгледи да ги поминеме. Има добра стратегија, има потенцијал, мислам дека ментално ќе излеземе и на психички план посилни од нив.“
„Се надевам после два пораза, ќе ги тепаме трет пат.“
„Ќе биде многу неизвесно, меѓутоа срцата ни се со Металург“, изјавија анкетираните граѓани.
Нормално шансата е тука, ни се пружа и секако дека секој сака да ја искористи. Ние ќе направиме се да се игра на еден фајнал - фор. Видовме дека може да играме против екипа од ранг на Киелце.Ванчо Димовски, капитен на Металург.
На хартија, противникот е во предност, и поради повисокиот рејтинг на клубот со неколкукратно поголем буџет, но и благодарение на минималните победи во меѓусебните средби од годинашната групна фаза во најквалитетното европско клупско ракометно натпреварување. Но, токму рамноправната игра во тие дуели, кај металурзите ги подгрева надежите дека може да постигнат нов, историски подвиг, а капитенот Ванчо Димовски изјавува
„Нормално шансата е тука, ни се пружа и секако дека секој сака да ја искористи. Ние ќе направиме се да се игра на еден фајнал - фор. Видовме дека може да играме против екипа од ранг на Киелце. Два пати сами се поразивме со тие некои технички грешки. Ќе направиме се, ќе се подготвиме добро, предавање нема, мора да одиме на тие два натпревари на фул сите 120 минути, па подобриот нека победи“.
Ќе биде многу неизвесно, меѓутоа срцата ни се со Металург.Анкетиран граѓанин.